Виетнам

From Wikipedia, the free encyclopedia

Виетнам
Remove ads

Социјалистичка Република Виетнам (виетнамски: Cộng Hoà Xã Hội Chủ Nghĩa Việt Nam), или скратено Виетнам е земја во југоисточна Азија. Се протега на полуостровот Индокина, и граничи на север со Кина, на запад со Лаос, на југозапад со Камбоџа, како и со Јужнокинеското Море на исток. Таа е најнаселена земја на копното на Југоисточна Азија.

Кратки факти Социјалистичка Република Виетнам Cộng hòa Xã hội chủ nghĩa Việt Nam, Најголем град ...
Remove ads

Потекло на поимот

Гиа-Лонг, виетнамски владетел, на своето крунисување во 1802 година, посакал неговото кралство да се вика Нам Виет и испратил гласник за да добие согласност од Пекинг. Но, Синот на Небото Манчу (кинескиот цар) настојувал името да биде Виет Нам. Причината за оваа инверзија е следново: Виет Нам (на кинески Јуех-нан) значи, приближно, јужно од Виет (Јуе), подрачје кое било освоено од кинеската династија Хан седумнаесет векови порано и за кое се смета дека ги опваќало и денешните кинески провинции Квантунг и Квангси, како и долинината на Црвената Река. Нам Виет за Гиа-лонг значело Јужен Виет (Јуех), односно претензија врз старото царство. Според Александар Вудсајд: тешко дека виетнамските владетели од пред еден век го почитувале името Виетнам како целина еманирано од Пекинг, онака како што се почитува во овој век (20 век б.н). Како вештачки службен назив, не го употребувале многу ни Кинезите ни Виетнамците. Кинезите се залепиле за навредливиот Т‘ анг збор Анам... Виетнамскиот двор, од друга страна, на своја рака измислила ново име за своето кралство во 1838-39 и не чувствувал потреба да го информира кинескиот двор за тоа. Новото име Даи Нам, Големиот Југ или Империјалниот Југ, редовно се појавувало во дворските документи и службените историски компилации. Но, не опстанало до денес.[7]

Remove ads

Историја

Географија и клима

Политички систем

Административна поделба

Thumb
Карта на покраините во Виетнам

Виетнам се дели на 58 покраини (виетнамски: tỉnh) и 5 општини од ист степен како покраините (thành phố trực thuộc trung ương). Владата ги групира покраините во 8 региони, но истите се користат нередовно и класификацијата не е строга и постојат други алтернативни групирања.

Покраините се делат на окрузи (huyện), покраински градови (thành phố trực thuộc tỉnh) и околиски градови (thị xã), кои пак се поделени на општински градови (thị trấn) или општини ().

Општините се поделени на рурални окрузи (huyện) и урбани окрузи (quận), поделени на реони (phường).

Со покраините раководи „народен совет“ кој го избираат жителите. Советот назначува „народен комитет“, кој претставува извршен огранок на покраинската управа. Ваквата поставеност е упростена варијанта на државната управа на земјата. Покраинските управи се потчинети на централната влада.

Remove ads

Стопанство

Демографија

Повеќе информации Бр., Name ...

Религија

Повеќе информации Верници во Виетнам ...
Remove ads

Култура

Виетнам како тема во уметноста и во популарната култура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads