Џуџеста коза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џуџеста коза или камерунска коза — раса домашни кози со значајно помал раст. Се чуваат претежно како миленици, но и заради млекото во сточарски услови. Ова е мошне издржливо животно, приспособливо на најразлични климатски и околински услови.[1] Единките со родовник се натпреваруваат на изложби.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]
Изглед
Женките тежат 24-34 кг, а мажјаците 27-39 кг. Високи се од 41-58 см. Шарата на крзното значајно се разликува меѓу единките, и може да се категоризира како карамелна, агутска и црна, а како поткласи се јавуваат карамелата со црни белези, карамелата со кафеави белези, кафеава агутска, сива агутска, црна агутска, црна со бели белези и сосем црна.[3][4]
Размножување

Џуџестата коза се размножува по повеќепати годишно и раѓа 1-4 јариња за во текот на годината. Бременоста трае 5 месеци. Сопствениците ги парат женките на возраст од 18 месеци, иако самата коза може да зачне на возраст од само два месеци ако не се одвојат од машките јариња. Новородените јарења веднаш почнуваат да цицаат, почнуваат да јадат жито и растителен материјал во рок од една недела, а престануваат со цицање веќе на десет недели.
Remove ads
Потекло
Расата води потекло од Камерун, Западна Африка, од каде е пренесена во зоолошките градини во Европа, а потоа и во САД за приказни и истражни цели. Подоцна стекнала популарност како домашен миленик, на посетителските фарми и изложбено животно поради кроткоста и физичката издржливост.[5]
Живеалиште и нега

Овие животни се прилагодуваат на речиси секоја клима и јадат треви, зеленило и жито. Сакаат да скокаат преку предмети и да се качуваат на нив. Имаат потреба од постојан пристап до засолниште и отворен простор, како и животно за друштво, кое не мора да биде од нивниот вид. Пијат исклучиво свежа вода. Покажуваат љубов и приврзаност ако со нив се постапува убаво. Можат да се дресираат, со повеќе труд. Зиме им е неопходна топлина и удобно легло.[6] Водата и храната треба да им бидат млаки и живеалиштето да нема провев.[7]
Remove ads
Поврзано
- Список на козји раси
- Домашна коза
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads