Млеко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, кашкавал, суво млеко и други производи.


Истиот поим може да се користи и за:
- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.
- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.
Remove ads
Состав
Млекото е емулзија или колоид од маст од путер глобули во течност на база на вода која содржи растворени јаглехидрати и белковински агрегати со минерали.[1] Бидејќи се произведува како извор на храна за младите, целата негова содржина дава придобивки за растот. Главните барања се енергија (липиди, лактоза и белковини), биосинтеза на несуштински аминокиселини обезбедени од белковини (неопходни аминокиселини и аминогрупи), есенцијални масни киселини, витамини и неоргански елементи и вода.[2]
Разни содржини
Други состави кои се наоѓаат во сировото кравјо млеко се живи бели крвни зрнца, клетки на млечните жлезди, разни бактерии, витамин Ц и голем број активни ензими.[3]
Remove ads
Млекото како тема во уметнота и популарната култура
- „Млеко на исконот“ (српски: Млеко искони) — поетска збирка на српскиот поет Миодраг Павловиќ од 1962 година.[4]
- „Млечен бар“ (англиски: Milk-Bar) — џез-композиција на Тони Мурена (Tony Muréna) од 1942 година.[5]
- „Млеко и алкохол“ (англиски: Milk And Alcohol) — песна на британската рок-група Dr. Feelgood од 1979 година.[6]
- „Млеко“ (англиски: Milk) — песна на американскaта рок група Гарбиџ (Garbage) од 1995 година.[7]
- „Безбедно како млеко“ (англиски: Safe as Milk) — песна од истоимениот музички албум на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1967 година.[8]
- „Млеко од девојка“ (англиски: Maiden's Milk) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1985 година.[9]
- „Мајчино млеко“ (англиски: Mother's Milk) — музички албум на американскaта рок-група Ред хот чили пеперс (Red Hot Chili Peppers) од 1989 година.[10]
- „Мајчино млеко“ (англиски: Mother's Milk) — песна на американскata рок-група Свонс (Swans) од 1992 година.[11]
- „Хотел Неутрално млеко“ (англиски: Neutral Milk Hotel) — американска рок-група.[12]
Remove ads
Наводи
Дополнителна книжевност
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads