А (кирилица)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
А или во мала форма а (стара кирилица: , глаголица: Ⰰⰰ) — првата буква во старата кирилицата и во скоро сите денешни кирилски азбуки. Формата на буквата потекнува од формата на грчката буква алфа. Во старословенскиот јазик оваа буква се нарекувала аз (
) и имала бројна вредност 1. Кирилската буква
има иста вредност, име и значење со глаголската буква ⰰ. Буквата се користи во сите кирилски азбуки, како на пример во македонската азбука, руската азбука, српската азбука, украинската азбука, белоруската азбука и монголската азбука. Според МФА, буквата има фонетска вредност /a/, додека кај некои несловенски јазици кои користат кирилица, буквата има вредност /ɑ/ (отворена а) или /ə/ (темен глас). Низ вековите можела да се сретне во повеќе форми сè додека не го добила денешниот изглед кој е ист со латинската буква A.
Remove ads
Буквата А во македонскиот јазик
Буквата А е првата буква од македонската азбука. Самогласката а се пишува во оние зборови што во некои наши говори се изговараат со темна самогласка, о или у, на пример: маж, рака (не: мож, рока, муж, рука и сл.). Така, со а се изговараат и пишуваат и:
- внатре, газер, гасеница, гнаса, гнасен, гради, гулаб, даб, длабок, длабочина, драг, желад, заб, забец и слично.
Покрај овие зборови, со букавата а се пишуваат и:
- јагне, јаганца, јајце, јаловица, јаготка, јаре, јарем, јасен, пријател, појас, обичај, случај, кочан, началник, печали, чаша, кошара, грамада (не грмада), страна и слично.
Во нашите дијалекти различно се изговараат придавките со наставка - ар, па така имаме итар, итор или итер. Во литературниот јазик се употребува само формата - ар.[1]
Remove ads
Кодна положба
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads