АКЕ инхибитор

From Wikipedia, the free encyclopedia

АКЕ инхибитор
Remove ads

Инхибитори на ангиотензинскопретворачки ензим (АКЕ инхибитори) се класа на лекови кои примарно се користат во третманот на висок крвен притисок и срцева слабост.[1][2] Тие делуваат преку релаксација на крвните садови како и преку намалување на крвниот волумен, што доведува до намалување на крвниот притисок и намалена побарувачка на кислород од срцето.

Кратки факти Употреба, Биолошки таргет ...

АКЕ инхибиторите вршат инхибиција на активноста на ангиотензинскопретворачкиот ензим, важна компонента на системот ренин–ангиотензин, кој учествува во претворањето на ангиотензин I во ангиотензин II,[3] и инхибиција на хидролизата на брадикинин.[1] Оттука, АКЕ инхибиторите го намалуваат формирањето на ангиотензин II, кој е вазоконстриктор, и го зголемуваат нивото на брадикинин, кој е пептиден вазодилататор.[1][3] Оваа комбинација е синергистичка во намалувањето на крвниот притисок.[1][3]

Во оваа група на лекови спаѓаат: беназеприл, зофеноприл, периндоприл, трандолаприл, каптоприл, еналаприл, лизиноприл и рамиприл.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads