Абд-ар-Рахман III

политичар From Wikipedia, the free encyclopedia

Абд-ар-Рахман III
Remove ads

Абд-ар-Рахман III — емир и халиф на Кордоба во периодот од 912–961 година.

Кратки факти На престол, Крунисување ...

По смртта на халифот Абдулах (888-912) како негов наследник бил избран, неговиот внук Абд-ар-Рахман III (912-961). Емиратството кое го наследил не било обединето и се соочил со многу бројни внатрешни немири. Во многу кратко време Абд-ар-Рахман III успеал да го смени патот на настаните. Неговите успеси започнале со победата над племето Бануи во 917 година кога успеал да ја земе во своја власт Севиља. Абд-ар-Рахман ставил крај на бунтот кој го води Умар-ибн-Хафун, кој во своја власт ја имал Серанија де Ронда откако избегал од Бобастро.

Со постигнатите успеси Абд-ар-Рахман III создаал свое кралство и добил многубројни симпатизери. Во 929 година Абд-ар-Рахман III се прогласил за халиф што во превод значи „Принц на верниците“, најголемиот претставник од Господ на земјата, Абд-ар-Рахман III паралелно ја спојува политиката со религијата и истовремено прогласил независност на андалусите од Багдатскиот халифат.

Абд-ар-Рахман III продолжил со своите освојувања и во 932 година го зазел Толедо и пет години подоцнa во 937 г. исто така ја зазел Сарагоса. Во центарот на Алмерија воспоставил важна флота и својот освојувачки поход го продолжил заземајќи ја Мелилија во 927 г., Сеута во 931 г. и Тангер во 951 г., а во 920 година го поразил кралот од Навара, Санчо Гарсес I и четири години подоцна се наметнал над Памплона. Кралот Рамиро II од Леон го спречил во повторното воспоставување на границата со реката Дуеро во 939 г. По неговата смрт Абд-ар-Рахман го приклучил Леон во својата територија, како и Навара, Кастиља и Барселона, каде потпишале договор за мир и пријателство со Борел II од Барселона.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads