Абелова награда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Абелова награда — меѓународна награда која секоја година ја доделува кралот на Норвешка на еден или повеќе истакнати математичари. Го носи името на норвешкиот математичар Нилс Хенрик Абел (1802–1829). Оваа награда се смета за „Нобелова награда за математика“[1][2][3][4][5][6] и се вбројува меѓу најпрестижните математички награди. Наградата е и парична, со износ од 684.000 евра (2009 г.).[7]
Добитниците секоја година ги прогласува Норвешката академија на науките откако изборот ќе го направи одбор од пет меѓународни математичари. На чело на одборот стои математичарот Кристијан Сејп. Паричниот износ на наградата е сличен на оној на Нобеловата награда. Наградата е воспоставена во 2001 година со почетен фонд од 200.000.000 круни (околу $24.000.000 долари) во 2001 г. Наградата се доделува во обид да се создаде публицитет и јавна свест за математиката, и со цел да се подигне угледот на математиката, особено кај младите.
Наградниот одбор го има основано и Абеловиот симпозиум, со кој раководи Норвешкото математичко друштво.
Remove ads
Историја
Наградата за првпат била предложена како дел од прославата во на 100-годишнината од Абеловото раѓање во 1902 г.[8] Во 1899, накратко по неговата смрт, Софус Ли предложил да се формира Абелова награда откако дознал во 1897 дека Алфред Нобел не планирал да ја вклучи математиката во неговите награди. Шведскиот крал Оскар II се согласил да ја финансира математичката награда во име на Абел, па така матемаричарите Лудвиг Силов and Карл Стермер изработиле нацрт-статути и правила за предложената награда. Меѓутоа влијанието на Ли обледнело по неговата смрт, и распаѓањето на Шведско-Норвешката Унија во 1905 значело неуспех за првиот обид за формирање на Абеловата награда.
Во 2001, откако се родил обновен интерес за наградата, формирана е работна група за предлогот, а самиот предлог бил поднесен на разгледување кај премиерот на Норвешка во мај месец истата година. Во август 2001, владата на Норвешка најавила дека доделувањето на наградата ќе по чне од 2002 г., по повод двесте-годишнината од раѓањето на Абел. По извесни одложувања, првата награда е всушност доделена во 2003 г.
Во текот на првите седум години (2003–2009), три добитници на наградата (Лакс, Варадан и Громов) се математичари вработени или во соработка со Курантовиот институт за математички науки.
Remove ads
Добитници
Remove ads
Поврзано
- Филдсов медал
- Немерсова награда
- Неванлинина награда
- Ролф Шокова награда
- Волфова награда
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads