Автократија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Автократија
Remove ads

Автократијата е форма на владеење во која политичката моќ е од страна на една влада, т.н. самовлада. Зборот автократ доаѓа од грчкиот збор autocratic („самовладетел“[2]).

Thumb
Глобални политички режими во 2023 година:[1]

  Либерална демократија
  Изборна демократија
  Изборна автократија
  Затворена автократија

За разлика од демократијата, автократијата е владеење од само една влада, т.е. од еден владеач[3], додека кај демократијата владеењето припаѓа на мнозинството.

Денес автократијата вообичаено се гледа како синоним на деспотизам, тиранија или диктаторство.

Автократијата сепак не е синоним на тоталитаризмот, затоа што, сепак, овој концепт попрецизно е наменет за да ги разликува модерните режими коишто се појавуваат во 1920 од традиционалното диктаторство. Исто така, автократијата не е синоним за военото диктаторство.

Поимот монархија исто така се разликува, иако некои словенски монархи, поспецифично руски владатели, цареви, традиционално ја вклучувале и титулата автократ како дел од нивниот официјален стил. Историски, многу монаршки владатели владееле со автократија, но нивната моќ значително згаснала со воведувањето на институциите и давањето на луѓето моќ да донесуваат одлуки за нив самите преку избраните тела на владата.

Автократот сепак си бара некаков вид на силна структура на владеење. Многу малку владеjачи биле во позиција да владеjат само со нивната лична харизма и вештини без помош од другите.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads