Деспотизам

From Wikipedia, the free encyclopedia

Деспотизам
Remove ads

Деспотизам (грчки: δεσποτία - неограничена власт, од δεσπότης - глава на семејство, господар) е форма на државно управување - автократско или олигархично [1], во која сите нишки на моќта се наоѓаат во рацете на еден поединец и неколкумина. Деспотијата е држава со деспотско управување. За првпат терминот е воведен од страна на Аристотел, во дело Политика, дека власта на деспотот е слична со власта на господарот над робовите.

Thumb
Пол Пот, водач на Црвените Кмери, е нашироко сметан за еден од најбруталните деспоти на 20-тиот век, одговорен за смртта на околу четвртина од населението на Камбоџа.
Thumb
Сухарто, кој владеел со Индонезија од 1967 до 1998 година под режимот „Нов поредок“, се смета за деспот чие владеење било обележано со авторитаризам, репресија и ендемска корупција.

Терминот во минатото се користел за да се опишат многу владетели и влади низ историјата. Го означувал апсолутниот авторитет и моќ што ја имале фараоните од Стар Египет, го означувал благородништвото на византиските дворови, ги означувал владетелите на византиските вазални држави и служел како титула за византиските императори. Во овој и други грчки контексти, терминот се користел како почесна титула, а не како пејоратив.[2][3]

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads