Адиџе
река во северна Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Адиџе (италијански: Adige или Еч (германски: Etsch; венецијански: Àdexe; реторомански: Adisch; ладински: Adesc; латински: Athesis; старогрчки: Ἄθεσις, Атесис или Ἄταγις, Атагис[1]) — втора река по должина Италија, веднаш зад По. Извира кај Решенскиот Превој во Финшгау во покраината Јужен Тирол кај границата со Австрија и Швајцарија, па тече 410 км низ североисточна италија, па завршува во Јадранското Море.

Името на реката води потекло од пракелтскиот поим *yt-ese со значење „водата“, когнат на реката Тиз во Англија (во антиката наречена Атезис, Теса).[2]
Remove ads
Опис
Реката извира кај Решенскиот Превој (1.504 км) близу до тромеѓата со Австрија и Швајцарија над долината на Ин. Тече низ вештачкото Решенско Езеро. Ова езеро е познато по камбанаријата останата од поранешното село Стар Граун), раселено и поплавено во 1953 г. по изградбата на браната. Близу Глурнс ѝ се приклучлува реката Ром доаѓајќи од Вал Миштајр во Швајцарија.
Адиџе тече на исток низ Гиншгау до Мерано, каде ја прима реката Пасер од север. Делот меѓу Мерано и Болцано се нарекува Ечтал (Адичка Долина). Јужно од Болцано се влева Ајзак (Изаркоа), а потоа Адиџе врти на југ низ долина Алпите, која од даменшно време има улога на сообраќајница меѓу превоите Решен и Бренер (1.370 км) и се смета за најлесен премин на Алпите.
Долината се стеснува кај Салорно (Залурн) и го бележи најјужниот дел на претежно германојазичната покраина Јужен Тирол. Адиџе се споменува во Песната на Германците (Deutschlandlied) од 1841 г. како јужна граница на германското јазично подрачје. Во 2011 г. 62 % од жителите на Салорно говореле италијански, а 37 % говореле германски.[3] во 1922 г. Германија ја усвоила песната како државна химна, иако дотогаш цело Адиџе било под Италија.
Близу Тренто во Адиџе се влеваат реките Авизио, Ноче и Ферзина. Реката ја преминува покраината Трентино, а подоцна и Венето, течеќи крај Роверето, долината Лагарина, градовите Верона и Адрија, како и североисточниот дел на Долината на По, па се влева во Јадранското Море. Адиџе и По речат напоредно во речната делта без вистински да се слеат.
Адиџе е поврзана со езерото Гарда преку тунелот Мори-Торболе, подземен канал за спречување на поплави.
Remove ads
Притоки
Ова се притоките на Адиџе (од изворот до устието):
- Леви: Карлинбах, Пунибах, Шналзер Бах, Пасер, Ајзак, Авизио, Ферзина, Лено, Алпоне
- Десни: Рамбах, Зулденбах, Плима, Фалшауер, Ноче
Риби
Во Адиџе живее главатицата, но денес е многу послабо застапена. Причина за ова е редовното порибување на реката и нејзините притоки со речна пастрмка, која постојано се вкрстува со домородната главатица.[4]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads