Верона

From Wikipedia, the free encyclopedia

Верона
Remove ads

Верона (италијански: Verona) — град во Северна Италија. Верона е вториот по големина град после Венеција. Верона светски е позната како место каде што се одвива Шекспировата драма Ромео и Јулија, во чија чест се уредени повеќе места во градот, поради тоа уште се нарекува и „Град на романтиката“. Римската арена во Верона од 1 век е една од најголемите и најдобро сочуваните. Можела да прими 22,000 гледачи, а и денеска се користи за разни приредби. Во Верона, покрај останатото, секоја есен се одржува и најголемиот светски саем на Каменот.

Кратки факти Верона, Città di Verona ...
Кратки факти светско наследство на УНЕСКО, Критериум ...
Thumb
Статуата на Данте Алигиери во Верона
Remove ads

Историја

Пошироката област на Венеција била населено уште во времето на праисторијата. Околу 300 п.н.е. година оваа област паднала под власт на Римјаните. Иако античка Верона немала исклучително значење меѓу староримските градови, во Верона останале многу солидно сочувани градби, арени и неколку градски капии.

Демографија

Според проценките од 2010 година во Верона живееле 263.964 жители[1]. Во 2008 година во Верона живееле околу 270.000 жители, што е 2,5% повеќе од пред еден век. Верона има и значително приградско подрачје , со кое брои околу половина милион жители. Според податоците од 2009 година во Верона 87% биле Италијанци[2]. Најголемата имигрантска група доаѓа од еврпските нации (најголемата од Романија): 3.60%, Јужна Азија: 2.03%, Потсахарска Африка: 1.50%. Во градот претежно има Римокатолици, но поради имиграцијата сега има и Православни Христијани, Муслимани и Хиндузи.

Thumb
Панорамски поглед на градот.
Remove ads

Спорт

Градот има два професионални фудбалски тима. Историски, главниот тим на градот бил ФК Хелас Верона, којшто сега е во втората дивизија на лигата Серија А. Другиот тим ФК Кјево Верона, моментално игра во Серија А. Тимот ФК Хелас Верона го освоил Италијанското првенство во сезоната 1984/1985, со што им се овозможи учество во Европскиот куп следната година. Верона е дом на одбојкарскиот тим Марми Ланза Верона (сега во Серија А1), рагби тимот Френклин и Маршал Кус Верона (сега во Серија А1), и кошаркарскиот тим Скалигера Баскет (сега во Легаду).

Градска архитектура

Верона е град со голема историја. Во градот се сочувани неколку антички градби (арени, градски капии).

Галерија

Партнерски градови

Клима

Верона има влажна суптропска клима карактеристична за внатрешните рамнини на Северна Италија со жешки лета и со ладни зими. Релативната влажност на воздухот е висока во текот на годината, особено во зима кога предизвикува магла главно од самрак до доцна наутро.

Повеќе информации Климатски податоци за Verona, Месец ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads