Административна поделба на Велс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Велс е поделен на 22 области наречени „главни области“ (англиски: principal areas), почнувајќи од 1996 г.[1] Со нив управуваат избрани совети, во чија надлежност се образованието, социјалата, заштитата на животната средина и највеќето патишта. Во состав на управата постојат и совети на заедниците (community councils) со надлежност врз поединечни сфери.

Монархот назначува свој лорд-намесник (Lord Lieutenant) како негов претставник во секоја од зачуваните грофовии во Велс, кои се целини со церемонијална намена.

Во април 2013 г. е најавено дека организациската поставеност на управата треба да се преработи со комисија, за да се утврди подобар начин на распределба на надлежностите.[2]

Remove ads

Области во Велс

Велс е поделен на 22 области (principal areas), создадени во 1996 г.[3] Од нив, 11 се наречени грофовии (counties), а 11 се грофовиски реони (county boroughs), а некои од нив се градови,[4] меѓу кои и Њупорт, прогласен за град (city) во 2002 г..[5][6]

Thumb
Карта на областите во Велс
Remove ads

Градови

Во земјата има вкупно шест града, покрај трите области со статус на град (заедниците Бангор, Сент Дејвидс и Сент Асаф).

  • Бангор
  • Кардиф
  • Њупорт
  • Сент Асаф
  • Сент Дејвидс
  • Свонзи

Зачувани грофовии

Во Велс постојат 8 зачувани грофовии (preserved counties), што имаат церемонијална намена (намесништво и сл.) а се засноваат на претходниот административен систем (1972-1996).

Историски грофовии

Историските грофовии се традиционални целини во земјата кои имале значење низ вековите, како и улога на административни единици од 1889 до 1974 г.

Заедници

Најмала административна единица во Велс е заедницата (community). Секоја област е поделена на вакви заедници, кои можат да имаат свои совети, со извесни надлежности на месно ниво, како и претставување на нивните подрачја во поголемите органи. Во помалите урбани места и во градовите се нарекуваат градски совети. Заедниците кои се премали за да имаат совет имаат „собор на заедницата“ (community meeting), кој функционира како непосредна демократија.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads