Велс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велс (велшки: Cymru, Камри; англиски: Wales) — составна земја на Обединетото Кралство во западниот дел на островот Велика Британија. Во рамките на Обединетото Кралство се граничи само со Англија.
Населението на Велс изнесува 2.921.100 жители што е само 5% од вкупниот број на населението на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Главниот град е Кардиф со население од 302.000 жители. Површината на Велс (20.779 км2) е помала од површината на Република Македонија.
Жителите на Велс се чувствуваат како посебен народ, но поради вечната асимилација од страна на Англија се створила ситуација каде што само 20% од велшкиот народ го зборува оригиналниот велшки односно келтски јазик.
60% од жителите на Велс се самонарекуваат Велшани. Службени јазици во Велс се англиски и велшки. Англиски зборуваат сите жители на Велс, а само 20% од жителите знаат велшки.
Велс е поранешна престолнина и заедно со Англија, Шкотска и Северна Ирска ја формира Велика Британија. Велс има свој јазик, свое знаме и своја внатрешна организација. Но, во меѓународните збиднувања е суверена земја Обединетото Кралство и како нејзин дел Велс нема право на глас.
Велс не е политички независен од 1282 год. Тоа е дел од Обединетото Кралство во кој преовладува келтска религија и се зборува велшки јазик. Во остатокот од Обединетото Кралство келтските елементи исчезнале.
Црквата од Велс е англиска црква и има 77,881 членови (отприлика 2,5% од населението). Унија на Независни Велшани (УНВ) е конгрегстионалистичка црква и има отприлика 36 000 членови (1% од населението). Бројот на членови на презвитерјианската црква од Велс има 34,819 (1% од населението).
Remove ads
Потекло на поимот
Постојат неколку претпоставки за потеклото на името Велс. Според една претпоставка, името Велс доаѓа од германскиот збор Walha (непознат), а според друга, потекнува од зборот Wealhas што значи странец.
Географија
Површината на Велс изнесува околу 20.779 км2, отприлика исто колку Словенија. Се протега 274 км од север на запад и 97 км од исток на запад. Велс се граничи со Англија на исток, со морето од другите страни, каналот Бристол е на југ, а каналот Св. Георги на југозападниот дел и Ирското Море на северозападнот и северниот дел. Велс има 1.200 км крајбрежје. Повшината на Велс, покрај тоа што опфаќа дел од островот Велика Британија, опфаќа и неколку помали острoви. Релефот е претежно планински, особено северниот и средниот дел од Велс. Планините ја добиле нивната форма во последното ледено време.
6 места имаат статус како градови во Велс:
- Бангор
- Кардиф
- Њупорт
- Сент Асаф
- Сент Дејвидс
- Свонзи
Ланваирпулгвингилгохерихверндробуландисилиогогогох е населба во северозападниот дел на Велс која што го држи рекордот за најдолго име во светот.
- Највисока температура измерена во Велс изнесува 35.2 °C
- Најниската температура измерена во Велс изнесува -23,3 °C
Remove ads
Велс како тема во уметноста и во популарната култура
- „Детски Божиќ во Велс“ (Child's Christmas In Wales) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1973 година.[1]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads