Аерогел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аерогелот е синтетички, порозен, ултралесен материјал изведен од гел во кој течната состојка на гелот е целосно заменета со гас.[1] Тој претставува цврсто тело со многу ниска густина[2] и мала топлинска спроводливост. Уште е познат и како замрзнат чад,[3] цврст чад, цврст воздух, цврст облак или син чад, поради полупроѕирната призрачна природа и начинот на кој светлината се расејува во материјалот. Силициумскиот аерогелови на допир е како нежен стиропор, додека полимерските аерогелови повеќе изгледаат на цврста пена. Аерогеловите може да се направат од многу различни соединенија.[4]

Првиот аерогел бил создаден во 1931 година од Семјуел Стивенс Кистлер, како резултат на кладба[5] со Чарлс Лернед за тоа кој ќе успее да ја замени течноста во желе со гас без да предизвика собирање.[6][7]
Аерогеловите се произведуваат со екстрактирање на течната состојка од гелот преку суперкритично сушење. Овој процес дозволува течноста да се исуши бавно и не дозволува матрицата на цврстиот материјал да се распадне поради капиларни појави, како што е случајот при обично испарување. Првите аерогелови се произведувале од силикагелови. Кистлер развил методика која ја употребил да призведе аерогелови од алуминиум оксид, хром (III) оксид и калај диоксид.[4] Јаглеродните аерогелови за првпат биле развиени во доцните 1980-ти.[8]
Аерогел не е единствен материјал со дадена хемиска формула. Напротив, поимот се користи за група материјали со дадена геометриска структура.[1][8]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads