Аеродром Вацлав Хавел Прага

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аеродром Вацлав Хавел Прагаmap
Remove ads

Аеродром Вацлав Хавел Прага (IATA: PRG, ICAO: LKPR) е најголем аеродром кој го опслужува главниот град Прага. Аеродромот се наоѓа на 10 километри од центарот на градот и е централа на Czech Airlines. За првпат беше отворен на 5 април 1937 година. Аеродромот е најзафатен во Чешка, и со 12.4 милиони патници во 2007 година е најзафатен аеродром во новите земји членки на Европската Унија. Најголемиот број на летови заминуваат од Северниот Терминал (Север 1 и Север 2). Јужниот терминал се користи најмногу за чартер, ВИП и за генерална авијација. Аеродромот има две писти 06/24 и 13/31. Јавниот транспорт од и до аеродромот е можен со автобусот број 119 до метро станицата Дејвичка и потоа со трансфер до зелената метро линија до станицата Зличин, која е недалеку од центарот на Прага. Вообичаено, патувањето трае околу 40 минути. Од декември 2005 година, автобуската линија АЕ (Airport Express) нуди нонстоп транспорт од терминалите Север 1 и Север 2 и железничката станица Холешовице, секој ден од 5 часот наутро до 22 часот навечер, на секои 30 минути и цената во еден правец е 100 денари.

Thumb
Терминал 1 на десно и Терминал 2 лево.
Кратки факти Аеродром Вацлав Хавел Прага Letiště Václava Havla Praha, Општо ...
Remove ads

Историја

Чехословачка, денешна Чешка, беше една од водечките европски земји каде што беше воведена цивилна авијација. Аеродромот Прага Рузуње започна со операции на 5 април 1937 година[4], но воздухопловството во Чехословачка започна 1919 година на воениот аеродром Кбели во близина на Прага. Поради зголемениот сообраќај во 20-тите и 30-ти владата на Чехословачка одлучува цивилниот сообраќај да се премести на Рузуње аеродромот. Во 1937 година, аеродромот добива награда на International Art and Technical Exhibition во Париз за техничката концепција на централниот аеродром, најмногу поради архитектурата на терминалната зграда. Аеродромот има одлична положба поради близината со центарот на Прага како и поради близината со многу Европски земји.

Thumb
Старата контролна кула - сега дел од Терминал Југ 1
Thumb
Старата контролна кула за време на посетата на Двајт Ајзенхауер на Прага, 12 октомври 1945 година
Remove ads

Идни планови

Бидејќи капацитетот на аеродромот го достигнува својот максимум во последните неколку години, властите на аеродромот имаат во план изградба на нова писта паралелна со пистата 06/24, и се планира да влезе во употреба 2010 година. Со изградбата на новата писта, ќе се избегне бучавата која се произведува во населбите околу аеродромот.

Терминали

Терминал "Север 1"

Сите домашни летови, летови вон Шенген зоната и интерконтинентални летови (Северна Америка, Азија, Африка, Близок Исток) како и Обединетото Кралство.

Терминал "Север 2"

Летови помеѓу земјите од Шенген зоната.

Терминал "Југ 1" и "Југ 2"

ВИП и приватни летови. Владини летови и чартер летови.

Превозници и одредишта

Товарни превозници

  • China Airlines Cargo (Абу Дави, Луксембург, Тајпеј)
  • Atlantic Airlines (Лајпциг/Хале)
  • FedEx (Париз Де Гол)
  • Farnair Switzerland (Келн/Бон)
  • TNT (Букурешт Отопени, Брно, Лиеж)
  • Silver Air (Острава)
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads