Прага
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прага (чешки: Praha) — главен и најголем град на Чешката Република и 14 по големина во Европската Унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Градот е воедни и главен град на Средночешкиот крај. Toj е културен и економски центар на Чешка повеќе од 1000 години. Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат претседателот, владата, централната власт и органите на Врховниот суд. Покрај тоа, во Прага се сместени голем број на други канцеларии и е централно место на единиците на локалната самоуправа. Исто така, таму се наоѓаат и седиштата на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верски и други здруженија на национално ниво во Чешка.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
За да ја достигне сегашната форма, Прага се развивала 11 векови. Како историски град, некогаш беше место на чешки кралеви и цареви, на германски и римски цареви. Исто така Прага беше и главен град на Чехословачка. Во моментов има површина од 496 км2 на која има 1,3 милиони жители. Во 2004 година (влезот во Европската Унија) биле одбројани приближно 2 милиони жители. Прага е економски развиена и богата област со исклучително висок стандард на живеење, и со тоа се издвојува не само надвор од чешките туку и од европските стандарди. Според статичките податоци на Евростат е шестиот најбогат регион во Европа. ХДП по жител изнесува 172% додека во просекот на ЕУ, ХДП по жител изнесува 80%.
Прага се смета за еден од најубавите градови во Европа. Историскиот центар на градот со уникатна панорама на Прашкиот замок (Прашки град), најголемиот замочен комплекс во светот, кој е наследство од УНЕСКО. Историскиот центар на градот како и многуте атракции го прават привлечен градот за многу туристи. Од сите земји на светот, во 2007 година, Прага ја посетиле 4.009.000 туристи, што го прави еден од најпосетените градови во Европа. Во 2006 година се наоѓа на 8-то место на најпосетените градови во Европа. Потоа во 2007 година на 7 место. И во истата година се наоѓа на 19 ранг на најпосетени градови во светот.
Remove ads
Потекло на името
Официјалното име на Прага е дадено во 1920 г., а потекнува уште од 1784 г. Името на градот е изведено од зборот „праг“. Историчарите велат дека тука реката имала праг, кој се наоѓа некаде на местото каде што е Карловиот мост.
Историја
Потекло
Во 6 век, на територијата на Прага се доселиле Словените. Важно културно место е реката В’лтава, како и градбите што биле изградени од принцот Боривој кон крајот на втората половина од 9 век. Синот на кралот Боривој, Спитихнев, во почетокот на 10 век израдил кружна платформа околу палатата и така биле поставени темелите на денешниот Прашки замок. Тогаш, Прага станала центар на државата.
Среден век

Во почетокот од 12 век, Прага доживеала напредок. „Има Евреи кои таму живееат, има многу сребро и злато, таму живеат најбогатите луѓе, постои и развиен пазар...“ – напишал еден жител од Прага. Трговецот Ибрахим Ибн Јаков во 10 век ја опишал Прага како „градот на камен“. Приливот на занаетчии и трговци се зголемил особено за владеењето на Карло IV. Прага стана империјална резиденција на царот, а просторот што ги зафаќа ѕидините на градот Прага бил исполнет со убави куќи, голем пазар, цркви и манастири. Според големината и раскошот, Прага станала соперник на најпознатите градови во тоа време, како: Рим, Фиренца, Париз и др.
Обединување на градот
Првиот обид за обединување на Стариот и Новиот град бил во 1518 год. Во 1523 год, кралот Луј го потврдил обединетиот градски совет, а конечното обединување на градот Прага завршило во 1784 год., за време на владеењето на Јозеф II. Потоа биле формирани Стариот и Новиот град, како и прашкиот замок. На крајот од 19 век, Прага брзо се индустријализирала.
Прага во Втората светска војна
Од 15 март 1939 год., Прага била главен град на протекторатот Чешка и Моравија. Културниот живот бил осакатен, а универзитетите биле затворени. На 5 мај 1945 год. избувнува востание, но за време на војната воените штети биле мали, а посериозна била штетата што направена од американското бомбардирање.
Прага по војната
Во 1945 година, со помош на Црвената армија, Прага била ослободена и таа станала повторно престолнина на Чехословачка, но овој пат таа била комунистички организирана, под дејство на Советскиот Сојуз. Во 1967 година настапила т.н. Прашка пролет, која се страмила да воведе повеќе демократија и права за граѓаните и делумна децентрализација на економијата. Меѓу реформите кои биле спроведени биле: поголемата слобода на медиумите, слобода на говорот, и слободно движење и патување. Следната година, државата била окупирана од страна на СССР и нејзините сојузници, кои го задушиле тоа движење. По паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Чехословачка била демократизирана. По распаѓањето на Чехословачка во 1993 година, Прага останала престолнина на Чешка република.
Remove ads
Демографија
Прага е 14. најголем град во ЕУ. На секои 10 години, населението се зголемувало во просек за 57 200 жители. Се проценува дека во Прага живеат привремено околу 50 000 Словаци, 50 000 Украинци, 20 000 луѓе од поранешниот СССР, 10 000 луѓе од поранешна Југославија и 15 000 Виетнамци. Во градот има неколку ромски заедници, особено во Либен. Процентот на ромската популација е помал од националниот просек.
Географија
Поголемиот дел од градот лежи по долината на реката В’лтава, додека останатиот дел на други девет нејзини притоки. Од нејзината лева страна се влеваат пет а од нејзината десна четири притоки. Делот на реката В’лтава, кој минува низ Прага е долг 30 километри.
Најниска точка е кај В’лтава Сухдол 177м. Највисокиот рид е на Телечек Собин.
Клима
Климата во прага е топла дури и на некои места достига до 50С. Просечни врнежи во 1961-1990диле 526.6мм од кои највеќе врнело во мај 78мм а најмалку во јануари 23мм. За годините меѓу 2000-2007 имаше годишно 160 дена врнежливи. Годишно има околку 60 дена со снег, најголем во јануари, каде што просечна висина од 5цм снег. Во просек годишно има 1600 часа сонце. Повеќето се во јуни 230 а минимум во декември 38.
Просечна годишна температура изнесува околу 8,5С. Најстуден месец е јануари со просечна дневна температура од 1С-3С, а најтопол е јули со просечна дневна температура од 24С. Релативна влажност на воздухот е помеѓу 65-90%.
Remove ads
Население
Remove ads
Стопанство
Брутниот приход по жител во Прага е дупло повисок отколку оној на цела држава, и изнесува 32,358 € (2002). Стапката на невработеност во Прага е 3,4% или околу 20.000 жители.
Култура
Прага е култура престолнина на Чешка, европски град од 2000г. Има десетици музеи, галерии, театри, кина и разни културни институции. Градкото собрание троши повеќе од стотици милиони годишно само за културата. Благодарение на својата богата културна историја е еден од најпосатените градови во светот. За време на Втората светска војана претрпела низа оштетувања. Во Прага има вкупно 37 национални споменици.
Remove ads
Објекти
Објекти за образование и култура
- Каролинум
- Народен театар
- Национален музеј
- Квартал
- Рудолфинум
Цркви и параклиси
- Во Прашкиот замок
- Катедрала „Св. Вид“
- Базилика „Св. Ѓорѓи“
- Параклис Св. Крст
- Црквата на Сите Светии
- Црвата на Пресвета Богородица
- Црквата Св. Никола
- Витлеем капела
- Црквата Св. Петар и Павле
- На ротонда на Св. Мартин
Манастири
- Страхов
- Емаус
- Св. Агнес
- Манастирот на Аугустин канони
Дворци
- Кински
- Черинин
- Валенштејнов
Други градби
- Карловиот мост
- Таун Хел
- Општинска куќа
Спорт
Збратимени градови
Remove ads
Прага како тема во уметноста и во популарната култура
- „Моцарт во Прага“ — збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1951 година.[14]
- „Прага“ — збирка поезија на Јарослав Сајферт од 1958 година.[14]
- „Стихови за Прага“ — збирка поезија на Јарослав Сајферт од 1962 година.[14]
- „На староградскиот плоштад“ (чешки: Na staroměstském náměstí) — песна на Јарослав Сајферт.[15]
- „На Прага“ (чешки: Praze) — песна на Јарослав Сајферт.[16]
- „Прашките гробишта“ — роман на италијанскиот писател Умберто Еко.[17]
Галерија
- Панорама на Прага
- Панорама на Прага
- Панорама на Прага
- Поглед на стариот дел на Прага
- Поглед на стариот дел на Прага
- Поглед на стариот дел на Прага
- Поглед кон стариот дел на Прага
- Мотив од Прага
- Мотив од Прага
- Поглед на реката В’лтава
- В’лтава со Карловиот мост
- В’лтава со Карловиот мост
- Јирасековиот мост на В’лтава
- Манесовиот мост (1916 год.) на В’лтава
- Мостот на легиите (1899-1901 год.) на В’лтава
- Карловиот мост од 14 век
- Катедралата св. Вит
- Барокната црква Св. Никола во Мала Страна
- Старо-новата синагога во Прага
- Париска улица
- Народниот театар во Прага
- Новата зграда на Народниот театар
- Театарот на задужбината (Stavovskeho divadlo)
- Зградата на филхармонијата
- Градската опера
- Народниот музеј
- Народниот музеј (детаљ)
- Детскиот музеј во Прага
- Зградата на Правниот факултет
- Црквата „Свети Јиржи“
- Црквата „Свети Лудмил“
- Црквата „Свети Микулаш“
- Црквата „Мајката божја пред Тин“
- Црквата „Свети Вацлав“
- Црквата „Свети Кирил и Методиј“
- Катедралата „Свети Вит“ (детаљ)
- Катедралата „Свети Вит“ (детаљ)
- Бистата на Винстон Черчил во Прага
- Споменикот на Антонин Дворжак во Прага
- Споменикот на Јан Жижка
- Влезот на Главната железничка станица во Прага
- Саемот во Прага
- Зоолошката градина во Прага
- Зградата на банката Чешка спорителна
- Хотелот „Fairmont Golden“ во Прага
- Хотелот „President“ во Прага
- Гранд хотел Европа (Grand Hotel Europa)
- Продавницата на Прада во Прага
- Продавницата на Ролекс во Прага
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads