Аеродром Хелголанд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аеродром Хелголанд (IATA: HGL, ICAO: EDXH) — аеродром на германскиот остров Дине, помалиот од двата острови на архипелагот Хелголанд, во Северното Море, околу 70 километри од копното.
Remove ads
Историја
Првиот воен аеродром на Дине бил изграден при Втората светска војна, кога Хелголанд бил утврден.[1] Во 1962 година, аеродромот бил повторно изграден во облик кој постои денес.[1]
Од 2005 до 2006 година, главната писта (насока 15/33) била проширена од 400 на 480 метри поради усогласување со одредбите на Европската унија за комерцијалниот воздушен сообраќај.[1]
Авиопревозници и одредишта
Поврзаност
Ферибот го поврзува Дине со главниот остров Хелголанд; постои едно такси кое го опслужува краткото растојание помеѓу аеродромот и фериботскиот терминал. Општо, моторните возила и велосипедите се забранети на архипелагот.
Поврзано
- Сообраќај во Германија
- Список на аеродроми во Германија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads