Дине
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дине (германски: Düne; дански: Dynen, севернофризиски: de Halem) — еден од двата острова во архипелагот Хелголанд, во Северното Море, Германија.
Remove ads
Географија
Малиот остров Дине е дел од сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Се наоѓа на 1 километар источно од главниот остров Хелголанд, Дине е дел од природниот парк Хелголандско карпесто подножје (Helgoländer Felssockel).
Историја
До XVII век, Дине бил поврзан со Хелголанд. На Нова година во 1721 година голема олујна бура го одделила островот од Хелголанд. Потоа, островот го нарекле Дине. Во 1935 година, големината на островот била 40 хектари. Во 1940 година, нацистите ја зголемиле големината на островот на 40 хектари. Ова зголемување била за воена употреба. Бил изграден аеродром, кој сè уште се користи. Хелголандскиот аеродром има две писти, од кои подолгата е 500 метри. Вештачки зголемениот остров сè уште изнесува 40 хектари.
Remove ads
Надворешни врски
- Дине на страницата на општината Хелголанд
![]() | Оваа статија место во Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads