Азот моноксид

хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia

Азот моноксид
Remove ads

Азотен оксид или азотен моноксидхемиско соединение со Хемиска формула NO. Овој гас е важен сигнал на молекулите во организмот на цицачите, вклучувајќи го и човекот и исклучително е важен во хемиската индустрија. Тој е исто така и токсичен производ во воздухот, кој настанува како издувен гас на автомобилите и на фабриките.

Кратки факти Назнаки, Својства ...

NO е важен транспортер на информации во молекулите, кои вклучуваат многу физиолошки и патолошки процеси во организмот на цицачите, тој е и корисен и штетен. Соодветните нивоа на продукција на NO се важни во заштитата на органите од оштетување, на пр. заштита на црн дроб од хемијата. Меѓутоа одржувајќи ги нивоата на создавањето на NO високи се одразува дирекно како отров во ткивата и доведува до мускуларен колапс, придружен со септичен шок, сè додека хроничната форма на азотен моноксид е поврзана со различни карциноми во воспалителни состојби, вклучувајќи ги и почетните фази на дијабетес мелитус, мултиплекс склероза, артритис и цревен чир.

Азотниот моноксид не треба да се меша со диазотоксид (N2O), општ анестетик или со азотен диоксид (NO2), што е друг облик на загадувач на воздухот. Станува збор за молекула која е слободен радикал, што придонесува за разбирање на неговата голема активност. Во реакција со кислородот во воздухот, се препознва по црвеникаво-кафената боја.

И покрај тоа што во почетокот е обична молекула, NО е основната молекула за разбирање на бројни процеси во неврологијата, психологијата и имунологијата, а исто така бил именуван како „Молекула на годината“ во 1992 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads