Акација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Акација (лат. Acacia) е род на повеќегодишни дрвенести растенија од фамилијата на бобова или мешунки (лат. Fabaceae). Постојат околу 1.300 вида на акации, од кои некои се многу значајни во саванските екосистеми, или како нидиколни растенија за мравките.
Remove ads
Видови
Познати видови на мимози се:[2]
- Mimosa pudica
- Mimosa borealis
- Mimosa bimucrinata
- Mimosa nuttallii
- Mimosa polycarpa
- Mimosa verrucosa
- Mimosa strigillosa
- Mimosa spegazzini
- Mimosa verticillata
- Mimosa tenuiflora
Особености

Акации се најчесто грмушки или помали стебла кои растат на сушни и сончеви предели. Обично пораснуваат до 12 м висина, иако некои можат да достигнат и поголема висина. Многу видови имаат зелени перасти листови кои се густо збиени на гранките и создаваат впечаток на папрати. Африканскиот вид на акации се прекриени со остри боцки кои всушност се изменети гранки или листови.
Мимозата, дрво од семејството акации, во однос на некој друг вид, нема долг век. Има краток животен век, најголем број живеат од 15—30 години, домашна мимоза може да успее околу 30 години, а италијанката до петнаесет години. Мимозата има мириѕливи цветови, најчесто во форма на грашок и со жолта боја, а цветовите се со голем број на прашници и се сместени во густи гроздести цвасти на крајот на гранката. Мимозите цветаат од февруари до март, но има и од оние видови кои цветаат во јуни и јули, па и оние кои цветаат неколкупати во годината (Acacia semperflorens). Отпорна е на ниске температури до -7 °C, но сепак треба да се бара локација каде се заштитени од продирање на постудени ветрови.
Бразилски вид на срамежлива мимоза (Mimosa pudica) се одликува со осетливост на листовите при допир. Листовите на овој вид покажуваат сеизмонастички движења — прво по ред се преклопуваат лиските, а потоа надразувањето се пренесува на петекката па целиот пераст лист се поклопува како овенет.
Remove ads
Слики на акација
- Acacia melanoxylon
- Acacia saligna
- Дрво на акација при крајот на мај
- Acacia sp.
- Acacia drepanolobium
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads