Ака (планина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ака (планина)
Remove ads

Ака (лулолапонски: Áhkká = „баба“, шведски облик: Akka) е планински масив во југозападниот агол на националниот парк Стура Шефалет во северна Шведска.

Кратки факти Ака Áhkká, Највисока точка ...

Масивот има единаесет поединечни врва, од кои највисок е Стуртопен (2.016 м), и со тоа осми по висина во Шведска. Најкарактеристична одлика на планината е вертикалниот спуст од 1.563 м, од највисокиот врв до езерото Акајауре во долината Руотесваге (надм. вис. 453 м). Ова е највисокиот вертикален спуст во Шведска. Бидејќи водостојот на езерото под планината зависи од локалната хидроелектрана, површината може да се спушти до 423 м, што значи дека тогаш спустот изнесува 1.593 м. Планината има импресивен изглед поради големите разлики во висината, изолираноста и компактноста на масивот, и затоа го носи прекарот „Кралицата на Лапонија“. Според лапонските преданија, ова е света планина и предизвикува стравопочит и чувство на таинственост кај присутните[1].

Remove ads

Поврзано

Наводи

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads