Шведски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шведски јазик
Remove ads

Шведски јазик (svenska) — северногермански јазик од семејството на индоевропски јазици, кој се зборува од околу 10 милиони луѓе,[2] воглавно во Шведска и Финска. Јазикот е сроден и многу сличен со норвешкиот и данскиот. Шведскиот моментално е најголемиот северногермански јазик по број на говорници.

Кратки факти Шведски јазик, Изговор ...

Стандардниот шведски е национален и службен јазик во Кралството Шведска и се заснова на централношведските дијалекти. Шведскиот е службен јазик и во Финска. Стандардната норма почнала да се развива во 19 век, а веќе во раниот 20 век бил стандардизиран. Зборовниот редослед на шведскиот јазик е подмет-прирок-предмет, но овој редослед може понекогаш и да се измени. Шведската морфологија е слична со англиската, односно јазикот има неколку инфлекции, два рода, два падежа и два броја. Во јазикот постојат номинативот и генитивот, но можат да се пронајдат и остатоци од акузативот и дативот.

Remove ads

Класификација

Шведскиот е индоевропски јазик, кој е дел од подгупата на северногермански јазици од групата на германски јазици. Во рамките на северногерманските јазици, шведскиот е дел од источноскандинавските јазици, заедно со данскиот. Дел од западноскандинавските јазици се фарскиот, исландскиот и норвешкиот. Сепак, скорешни истражувања ја потврдуваат класификацијата на островски скандинавски јазици (фарски и исландски) и континентални скандинавски јазици (дански, норвешки и шведски).

Поради големата сличност меѓу континенталните скандинавски јазици, тие може да се сметаат за дијалекти на еден заеднички скандинавски јазик. Сепак, поради големото соперништво меѓу Данска и Шведска, вклучително и серија војни во 16 и 17 век, во XIX и XX век се пројавиле националистичките идеи и со тоа јазиците се стекнале со различни правописни норми, вклучително и речници, граматики и регулаторни тела. Јазичарите понекогаш тврдат дека данскиот, норвешкиот и шведскиот сочинуваат дијалектен континум на еден (скандинавски) јазик.[3]

Remove ads

Географска распространетост

Шведскиот е национален јазик на Шведска и мајчин јазик на околу 8 милиони Швеѓани во Шведска, и втор јазик на уште милион имигранти во државата. Според податоците од 2007 година, околу 5.5% од вкупното население на Финска зборуваат на шведски.[4] Бројот на луѓе кои зборуваат шведски во Финска се намалува во последните 400 години.[5] Швеѓаните во Финска се сконцентрирани на финското крајбрежје и на финските острови, меѓу кои и Оланд, каде е единствен службен јазик.[6]

Remove ads

Статус

Шведскиот е официјално главен јазик во Шведска.[7][8] Јазикот долго време се употребувал во локалната и државна власт, како и во образованието, но не бил прогласен со закон како службен јазик во државата до 2009 година.

Шведскиот е службен јазик во Оланд во Финска. Јазикот е исто така официјален на целата територија на Финска, покрај финскиот. Шведскиот е исто така службен јазик во Европската Унија и работен јазик во Нордискиот совет.

Дијалекти

Според традиционалната поделба на шведската дијалектологија, јазикот е составен од шест големи наречја::[9]

  • норландско дијалекти
  • источношведски дијалекти - во Финска
  • свејски дијалекти
  • готландски дијалекти
  • јетландски дијалекти
  • јужношведски дијалекти

Правопис

A, B, C, D, E, F, G, H, I, J, K, L, M, N, O, P, Q, R, S, T, U, V, W, X, Y, Z, Å, Ä, Ö

Шведската азбука има 29 букви, од кои 26 се стандардни латинични букви, а три се со наредни знаци: Å/å, Ä/ä, и Ö/ö. Овие букви биле создадени во 16 век. До 2006 година буквата w се сметала за варијанта на v, која се користи само за странски зборови и имиња. Во јазикот понекогаш се корости и буквата e со надреден знак (é) за означување на акцентот кај некои зборови. Покрај неа, во јазикот се користи и буквата a со надреден знак (à). Германската ü се смета за варијанта на y и понекогаш се пишува кај некои странски имиња. Невообичаено е за шведскиот да се заменуваат буквите со надредни знаци со останати букви, каква што е праксата во германскиот да се пишува oe наместо ö на пример.

Remove ads

Фонологија

Шведските дијалекти имаат 17 или 18 самогласки, 9 долги и 9 кратки. Покрај нив, во јазикот има и 18 согласки. Јазикот има два тона, што му ја дава карактеристичната звучност на јазикот.

Thumb
Самогласките во шведскиот јазик. Од Engstrand (1999:140).
Повеќе информации билабијални, лабиодентални ...
Remove ads

Примери

Кратки факти
Оче наш на шведски

Vår fader som är i Himmelen.
Helgat varde Ditt namn.
Tillkomme Ditt Rike.
Ske Din vilja, såsom i Himmelen
så ock på Jorden.
Vårt dagliga bröd giv oss idag
Och förlåt oss våra skulder
såsom ock vi förlåta dem oss skyldiga äro
och inled oss icke i frestelse
utan fräls oss ifrån ondo.
Ty Riket är Ditt och Makten och Härligheten
i Evighet.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads