Активно подрачје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Активно подрачје е привремено подрачје во атмосферата на Сонцето кое се одликува со силно и сложено магнетно поле. Ваквите подрачја се често поврзувани со сончевите дамки и најчесто ги предизвикуваат силните ерупции како: коронарните исфрлања на маса и сончевите блесоци.[1] Бројот и местоположбата на активните подрачја на сончевиот диск во даден момент зависи од сончевиот циклус.[2][3][4][5][6]

Remove ads
Нумерирање на подрачјата
На новозабележаните активни подрачја на сончевиот диск им се доделуваат 4-цифрени броеви од страна на Центарот за времнска прогноза во вселената (SWPC) на денот кога е за прв пат забележано. Броевите се доделуваат редоследно; на пример, ако се забележи активно подрачје по она означено како 8090 (или AR8090), на тоа подрачје му се доделува бројот AR8091.
Бројот на активни подрачја во јули 2002 година надминал 10.000, но сепак, SWPC продолжила да користи 4-цифрени броеви, со додавање на нули пред бројот.[7]
Remove ads
Сончеви дамки

Силниот магнетен флукс кој го има во активните подрачја, честопати е доволно силен за да ја попречува конвекцијата (предавање на топлина од едно тело на друго преку струење на некој флуид[8]). Без конвекцијата која ја пренесува енергијата од внатрешноста на Сонцето до фотосферата, се намалува површинската температура, а се намалува и интензитетот на зрачењето на црното тело. Овие места на поладна плазма се познати како сончеви дамки и често се појавуваат во групи.[9] Но, не сите активни подрачја имаат сончеви дамки.[10]
Remove ads
Поврзано
- Список на сончеви циклуси
- Список на сончеви бури
- Магнетен облак
- Орбитирачка сончева опсерваторија
- Група Фебус, меѓународни научници кои имаат за цел да ги откријат сончевите режими
- Сончева и хелиосферска опсерваторија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads