Аланли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аланлиmap
Remove ads

Аланли или Платеја (грчки: Πλατεία, Платеја) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Аланли Πλατεία, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 39 километри западно од Ставрос и 52 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во непосредна близина до Загливер и некогашното Кизели. Лежи на надморска височина од 495 метри.

Историја

Во XIX век Клисели било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било преименувано во Платеја.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 51 семејства и со 185 жители[2], додека во 1940 година селото броело 42 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 388 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 383 жители, во 1971 година имало 126 жители, во 1981 година имало 1 жител, додека во 1991 година имало 74 жители а во 2001 имало 74 жители[3]. Денеска, населението на селото е 27 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads