Алберто Палоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Алберто Палоски
Remove ads

Алберто Палоски (роден на 4 јануари 1990 ) — италијански фудбалер, напаѓач на СПАЛ.

Кратки факти Алберто Палоски, Лични податоци ...
Remove ads

Кариера

Својата фудбалска кариера ја започнал во младата школа на Милан. Во сезоната 2007/08 дебитирал за првата екипа на ФК Милан. Во периодот од 2008 до 2010 година настапувал на ФК Парма, каде во 2011 година бил преотстапен на Џенова. По крајот на сезоната 2010/11, тој се вратил во Милан.

Кјево

На 8 август 2011, Палоски му се приклучил на Кјево на заем, откако тимот од Верона откупил половина од неговиот договор. Тој го направил своето деби во жолта-синиот дрес на 18 септември 2011 во првенствен натпревар против Парма кој завршил со пораз на неговиот тим со 2-1; Палоски се појавил како замена во текот на првото полувреме на местото на Серџо Пелисије и постигнал гол во 79-тата минута за моментални 1-1, но во 90-тата минута Себастијан Џовинко со својот втор гол на натпреварот им донел победа на домаќините. Во својата прва сезона за Кјево одиграл 36 натпревари постигнувајќи 6 гола. На крајот на сезоната Кјево и Милан се договориле за продолжување на заемот на играчот до крајот на сезоната 2012-2013 сезона.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads