Александар Белов (пејач)
македонски пејач From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александар Белов (роден на 7 февруари 1987 година во Неготино[1][2]) ― македонски пејач[3], познат по учеството во академијата на Операција Триумф. Тој бил главен фаворит во академијата и тоа од 13 гала вечери, тој 13 пати бил изгласан за фаворит на публиката, меѓутоа на крајот завршил на третото место. Александар Белов во февруари учествувал на македонскиот избор за песна на Евровизија.
Remove ads
Животопис
Завршил основно музичко училиште, отсек виолина. Неговото образование го продолжил и во средното музичко училиште[3]. Белов свири на виолина и флејта[1]. Во 2003 година на 16 годишна возраст учествува на тинејџерскиот фестивал „Мегабит“ во Битола со песната „Солзи и тага“. Во својата тинејџерска кариера, тој има повеќе песни како што се: „Рана“, „Седумнаесет“ и др. Иако доста надарен и музикален, Александар не успевал баш најдобро во музиката па се посветувал и на други работи. Во 2008 година, тој решил да го промени сето тоа и се пријавил во шоуто Операција Триумф. Во шоуто учествувале претставници од 5 бивши југословенски земји (сите освен Словенија) и еден од нив бил Александар.
Remove ads
Операција Триумф
Александар се пријавил во Операција Триумф и на негова среќа тој бил еден од избраните кандидати. Тој успеал да влезе во потесниот круг од 16 кандидати на нултата гала вечер, а за тоа доста му помага и неговата брилијантна изведба со Каролина Гочева хитот се „Се лажам себе“. Во следните гали тој исто така има голема чест и пее со доста големи музички имиња од Балканот. Тој успеал многу брзо да го грабне срцето на публиката, а доказ за тоа е тоа што од 13 гали, публиката го избра Александар 13 пати за миленик. Меѓутоа на крајот тој не победил, а завршил на третото место. Можеби една од причините за непобедување е скандалот којшто го направила хрватската Нова ТВ. Имено, на рекламата за гласањето за финалистите на Операција Триумф, наместо бројот на Александар е ставен бројот на Црногорката Нина Петковиќ, со што гласовите дадени за Александар оделе за Нина.
Настапи на Операција Триумф
Remove ads
Избор на песна за Евровизија 2009
После крајот на Операција Триумф, се разбира не е крајот туку почетокот на кариерата на Александар. Тој се пријави на македонскиот избор за песна на Евровизија. Тој во февруари настапи со песната „Застани, солзи избриши“ чиј автор е Григор Копров. Александар заврши на осмото место.
Избор на песна за Евровизија 2010
После кратка пауза Александар се појавува повторно на музичката сцена и учествува на Македонскиот избор за песна на Евровизија. Тој настапил со песната „Остани“ чиј автор е Симон Трпчески. Александар завршил на третото место.
Ексклузивец на План Б продукција
На 31 март 2010 Александар Белов официјално стана дел од План Б продукција. Својата работа, План Б продукција и Александар Белов, ја крунисале со промовирање на неговата најнова песна, со наслов "Една". Видео записот на песната, под режисерска палка на Дарио Јанковиќ, бил снимен на повеќе локации во Битола. Спотот бил премиерно и ексклузивно прикажан на Сител Телевизија во естрадниот магазин Бекстејџ. Песната станала огромен хит на сите радио и ТВ станици во Македонија. Поради големиот успех, после еден месец, била објавена екс-ју верзија на песната "Једна" за балканските земји.
Remove ads
Песни
- 2008: „Те барам пак“ (Песна снимено пред почетокот на Операција Триумф)
- 2008: „Замисли“ (Песна снимено пред почетокот на Операција Триумф)
- 2009: „Застани, солзи избриши“
- 2009: „Звездо сјајна“
- 2009: „Нема подобро нешто“
- 2009: „Последња мисао моја“
- 2010: „Остани“
- 2010: „Една“
- 2010: „Једна“
- 2010: „Добар дан“
- 2010: „Мојот ангел“ (Охрид-фест 2010)
- 2010: „Бум“ (Макфест 2010)
- 2010: „Оган под ѕвездите“
- 2011: „Далеко“
Remove ads
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads