Црногорци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црногорците (црногорски: Црногорци/Crnogorci) се најмалубројниот јужнословенски народ. Црногорците претежно живеат во Црна Гора. Вкупниот број на Црногорци е околу 350.000, а најмногу се застапени во својата татковина со 45 %, односно 278.865, а во Србија ги има околу 38.000. Црногорски заедници има во околните земји — Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, а ги има и во Македонија. Повеќето Црногорци говорат на српски јазик, но голем број зборуваат и на црногорски јазик.
Remove ads
Религија

Повеќето Црногорци се православни христијани од кои дел се припадници на Црногорската Православна Црква, а дел се припадници на Српската православна црква. Исто така има Црногорци со исламска вероисповед, како и припадници на католичката црква. Иако Црна Гора има околу 20% муслимани, не се сите етнички Црногорци, бидејќи меѓу нив има Бошњаци, Албанци и Роми. Исто така, може да се сретнат луѓе кои се изјасниле како муслимани по националност, но сепак нивниот јазик е црногорски.
Remove ads
Црногорците како тема во уметноста
- „Црногорецот на Црногорката“ (Црногорац Црногорки) - песна на српскиот поет Ѓура Јакшиќ.[10]
- „Бонапарта и Црногорците“ — песна на Пушкин од 1834 година.[11]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads