Александар Китанов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Китанов
Remove ads

Александар Китанов, познат Санде или Сандо Ајдучки, со псевдоним Струмски [1] ( 1881 , Лешко, Горноџумајско - 23 декември 1906 , Русиново, Беровско) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Александар Китанов е роден во Горноџумајско село Лешко, тогаш во Отоманското Царство, денес Пиринска Македонија. Брат е на друг активен деец на Организацијата Петар Китанов. Студирал во егзархиското училиште во Горна Џумаја. Завршил во Скопското егзархиско педагошко училиште и работел како учител во Лешко, а од 1900 година во егзархиското училиште во Горна Џумаја. Во Организацијата влегол уште како ученик. Во Горна Џумаја станал член на градскиот комитет.

Учествувал во аферата Мис Стоун во 1901 година. Станал илегален во четата на Христо Чернопеев. Подоцна бил четник со Гоце Делчев и Крсто Асенов. По Илинденското востание Александар Китанов бил околиски војвода во Малешевијата и Кукушко. Го придружувал Даме Груев низ неговата обиколка низ Македонија.

Заедно загинале во борба со турскиот аскер на 23 декември [2] 1906 година кај селото Русиново [2] 1906 година край село Русиново.[3][4][5].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads