Лешко

село во Горноџумајско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лешкоmap
Remove ads

Лешко — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Горна Џумаја на Благоевградската област, Бугарија.

Кратки факти Лешко, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Лешко е планинско село, сместено на надморска височина од 591 метар, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 16 километри југозападно од Горна Џумаја.

Историја

Според Рилската грамота на Иван Шишман од 1378 година, селото е во сопственост на Рилскиот манастир.

Во XIX век Лешко е големо македонско[2] село во рамките на Горноџумајската каза на Серскиот санџак. Во 1816 година во селото е изградена црквата „Свети Архангел Михаил“. Според месното население, ктитор на црквата е извесен Стојан - лешковец, којшто се јавувал како ктитор на новата црква, откакот старата „Света Богородица“ била срушена.[3]

Во 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:

Лешко, големо село на три часа од Горна Џумаја. Почвата тука е плодородна и богато ги наградува работниците. Има бугарска црква и училиште, со 1 учител и 30 ученици; 300 куќи.[4]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.300 жители, сите Македонци.[2][5]

Во Лешко функционира комитет на ВМОРО и селото во организацијата е познато како „Републиката на Чернопеев“. Кон крајор на 1909 година комитетот на Лешко бил обновен од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов.[6]

Повеќе информации Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926-1927 година, Класови ...
Remove ads

Стопанство

Демографија

Според последниот попис од 2011 година, во селото имало 197 жители, запишани како Бугари.[2][8]

На табелата е прикажан бројот на населението во Лешко за периодот 1946-2011:[9]

1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
1.359 1.102 740 571 454 380 303 197

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads