Александар Костадиновски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александар Трајков Костадиновски ( 1925 во Скопје — 1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Произлегува од бедно семејство, поради што немал услови да го продолжи своето образование и затоа изучил браварски занает. Во скопската ложилница работел како бравар. Се вклучил во народно-ослободителното движење и во акциите за припремање на оружено востание против окупаторот. На 15 септември 1944 година, стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада, во втората чета на првиот баталјон. Бил учесник во маршот на бригадата како и во борбите против балистите и Германците. По успешното потиснување на балистичките сили од падините на Водно, учествувал и во борбите на терените околу концентрираните балистички банди. Во ова победоносна борба, го изгубил својот живот.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads