Александар Маринов

македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Маринов
Remove ads

Александар Алексов Маринов (26 февруари 1914 во Дебар13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Произлегува од сиромашно градско, занаетчиско семејство. Откако завршил основно училиште, за да мy помогне на семејството, уште на четиринаесет години стапил на работа како чирак во трговијата. Се запишал во трговското училиште и со успех го завршил. Во почетокот на 1942 година се преселил во Скопје и се вработил како трговски работник. Набргу се вклучил во народноослободителното движење. По отслужувањето на воениот рок, извесно време живеел во родниот град, а потоа пак се вратил во Скопје. Тука повторно се поврзал со народноослободителното движење. Извесно време бил на работа во рудникот Штрпце од каде како заднински работник со група другари организирал испраќање на материјална помош за Шарпланинскиот одред. На 13 ноември 1944 година Скопје било ослободено. На пат за ослободениот главен град на Македонија заедно со уште тројца другари бил фатен и убиен од балистички банди.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads