Александра Павлова
македонска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александра Павлова (р. 9 април 1987 во Скопје) — македонска глумица, која моментално работи во Драмски театар - Скопје.
Образование
Основното и средното образование ги завршила во својот роден град Скопје, додека за високото образование Павлова се преселила во Болоња, Италија, каде што студирала на Dрамскиот факултет при Државниот универзитет. Магистрирала во 2011 година во класата на науки за уметнички претстави (театар, филм и музика). Како стипендист на програмата „Overseas“, учебната 2009/10 година од своите последипломски студии, ја поминала во Соединетите Држави, на Висконскиот универзитет во Медисон, на одделот Филм и мултимедијална продукција.[1]
Remove ads
Кариера
По своето враќање во Македонија, Павлова била вработена во Драмскиот театар и досега има играно во претставите: „Македонска крвава свадба“, „Архелаос или Еврипис се враќа на Балканот“, „Солунски патрдии“, „Кавкаски круг со креда“ и други.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads