Алпско скијање на Зимските олимписки игри 2014 - суперкомбинација за мажи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Суперкомбинацијата за мажи на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи била одржана на 14 февруари во скијачкиот центар Роза Хутор близу Краснаја Полјана, Русија.[1]
Спустот започнал на надморска височина од 1.947 метри, бил долг 3,219 км со вертикален пад од 977 метри. Слаломот започнал на 1.160 метри надморска височина со вертикален пад од 200 метри и 62 порти.
Поради топлото време, спустот бил поместен за еден час, но температурите сè уште биле над нулата на стартот. Попладнето, за време на слаломот температурата изнесувала 11°С.
Златниот медал го освоил Сандро Вилета од Швајцарија.[2] Ивица Костелиќ од Хрватска го освоил сребрениот медал, четврти во неговата кариера (три од нив во суперкомбинација). Кристоф Инерхофер од Италија, сребрениот медалист во спуст, ја освоил бронзата.
Remove ads
Резултати
Спустот започнал во 11:00[3], а трката во слалом започнала во 15:00.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads