Алфелд (Лајне)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Алфелд (Лајне)map
Remove ads

Алфелд (германски: Alfeld (Leine); службено наречен Алфелд (Лајне)) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на бреговите на реката Лајне и претставува втор најголем град во округот.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Алфелд во рамките на округот Хилдесхајм ...
Remove ads

Географија

Алфелд се наоѓа во Лајнското Средногорје помеѓу Лајне на запад и Зибен Берге (до 395 метри високи) на североисток.

Соседни општини

Алфелд се граничи со Гронау, Зибесе, Фреден, Делигзен и Дуинген.

Градски единици

Алфелд се состои од следниве места: Брункензен, Дензен, Ферсте, Ајмзен, Герцен, Годенау, Херзум, Имзен, Лангенхолцен, Лимер, Литгенхолцен, Релингхаузен, Зак, Варцен, Ветензен и Вишпенштајн.

Историја

Thumb
Фабриката Фагус, прогласена за светско културно наследство

Градот бил основан пред 1214 година, при што името Алфелде (Alvelde') било првпат забележано во 1214 година. Елементот „-фелд“ означува „отворено место“, додека „ал-“ веројатно потекнува од индоевропскиот корен „ел-/ол-“ што означува „вода“.

Во 1426 година, Алфелд се приклучил на Саксонскиот сојуз на градови, со што станал непосреден член на Ханзата. Градот бил еден од најмалите градови во Ханзата, со што се развил во XIV и XV век поради трговијата со пиво, лен и предива.

Алфелд првично припаѓал на Хилдесхајмската епископија, но бил префрлен на Кнежевството Брауншвајг-Волфенбител во периодот 1519-1523. Со тоа настанал златниот период на Алфелд, а неговото стопанство цветало пред почетокот на Триесетгодишната војна.

Знаменитости

Знаменитости во Алфелд се Градското собрание (1586) со својата осумаголна кула, црквата „Св. Никола“ и кулата Филер, средновековна кула, како и познатата Фабрика Фагус од 1911 година, одличен пример на раната модернистичка архитектура од Валтер Гропиус, која е прогласена за светско културно наследство на УНЕСКО.

Стопанство

Најголем работодавач во градот е фабриката САППИ со својот голем оџак, што е една од знаменитостите на Алфелд.

Меѓународни односи

Алфелд е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

  • Августин од Алфелд (1480-1535) — францискански и контроверзен теолог
  • Валтер Капе (1905-1944) — нацист
  • Албрехт фон Герц (1914-2006) — индустриски дизајнер
  • Збигњев Жеѕицки (р. 1945) — полски борач

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads