Хилдесхајм (округ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хилдесхајм (германски: Hildesheim) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Хановер, Пајне, Волфенбител, Гослар, Нортхајм, Холцминден и Хамелн-Пирмонт.
Remove ads
Историја
Во 1885 година, пруската влада основала окрузи во рамките на покраината Хановер. Денешната територија на округот била поделена на четири тогашни окрузи: Хилдесхајм, Алфелд, Гронау и Мариенбург. ВО 1932 година, округот Гронау се приклучил на Алфелд, а бројот на окрузи бил намален на три.
Кога била основана покраината Долна Саксонија во 1946 година имало реорганизација на окрузите: Хилдесхајм станал слободен град, додека останатите окрузи Хилдесхајм и Мариенбург биле споени во новиот округ Хилдесхајм-Мариенбург. Округот Алфелд останал во поранешните граници.
Во 1974 година, градот Хилдесхајм го изгубил статусот на слободен град и станал дел од округот, кој бил преименуван во Хилдесхајм. Окрузите Хилдесхајм и Алфелд се споиле во 1977 година.
Remove ads
Географија
Округот се наоѓа југоисточно од Хановер и северните делови се граничат со Хановерската метрополитенска област. Северната половина на округот е високоурбанизирана, додека југот е покриен со шуми. Реката Лајне влегува во округот од југ, тече низ градовите Алфелд и Гронау и излегува северозападно кон Хановер; помала притока, Инерсте, се влева во Лајне од исток откако тече низ градот Хилдесхајм. Помеѓу Лајне и Инерсте има пошумена области наречени Хилдесхајмска шума (Hildesheimer Wald) и Зибен Берге („Седум ридови“).
Remove ads
Грб
Грбот прикажува:
- орел од грбот на градот Хилдесхајм
- еленските рогови преземени од поранешниот округ Алфелд ги претставуваат германското племе Херусци
- розата е за хилдесхајмската илјадагодишна роза во Хилдесхајмската катедрала
Градови и општини

Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads