Амам (Лопате)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Амам — археолошко наоѓалиште во кумановското село Лопате. Претставува населба од неолитот.
Во самото село, на просторот од стариот турски амам, кон десниот брег на Липковска Река се простираат траги од неолитска керамика. Со пробното сондажно ископување во 1978 г. од страна на Музејот на Македонија е утврдена еднослојна населба со културен слој од 1,5 м. Според типолошките одлики на керамиката, која е претежно со монохромна темносива боја, како и според облиците на култната пластика, се работи за населба од доцниот неолит[1], блиска на населбите од културната група Ангелци-Зелениково II, односно винчанската културна група во јужното Поморавје, фазите Винча-Тордош I-II.[2]
Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads