Лопате
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лопате (албански: Llopati) — село во Општина Куманово, кое се наоѓа во близина на градот Куманово[2].
- Оваа статија се однесува на село во Република Македонија. За селото во Црна Гора, видете Лопате (Црна Гора).
Remove ads
Географија и местоположба
Лопате е сместено на територијата на Општина Куманово, во котлината Жеглигово. Селото се наоѓа на десниот брег на Липковска Река, недалеку од градот Куманово (на 4 км оддалеченост од западна страна), и е веќе фактички дел од градот. Се работи за рамничарско село на надморска височина од 365 метри. Атарот на селото е 8,5 квадратни километри.
Во близина на селото поминува реката Слупчанка.
Историја
Наодите во блиските Археолошки наоѓалишта, покажуваат дека околината на селото е населена уште од неолитот.
Во XIX век, Лопате било претежно муслиманско, т.е. албанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
Во основа, етничкиот конфликт во Република Македонија во 2001 година не го погодил особено Лопате, село со доминатно етничко албанско население. Сепак, спорадични пукотници и движења на ОНА имало, и во селото се осетиле помали последици. Веќе во втората половина на септември 2001, во координација со МЦМС, започнато е со поправка на 20те оштетени куќи во Лопате. [мртва врска] Во октомври 2001, во селото започнуваат со патроли етнички мешани полициски сили. Извесни тензии се осеќаат во зимата 2001, кога поради безбедносни причини, сите македонски ученици од Режановце кои дотогаш посетувале настава во основното училиште Маршал Тито во Лопате, се префрлиле во новоформираните паралелки во Режановце (инаку под надлежност на училиштето во Лопате). На почетокот на декември 2001, православните жители на Лопате поднесуваат неуспешно барање во близина на селото да остане контролниот пункт на МВР.
На почетокот на учебната 2006 - 2007, македонските ученици од селото Лопате и Режановце, повторно ја бојкотираат наставата, речиси цело полугодие. Непосреден повод за тоа е смената на името на основното училиште во Битолски конгрес (конгрес каде што се кодифицирала албанската азбука), но исто така и несоодветниот третман на подрачното училиште во Режановце при алокацијата на средствата. [мртва врска] [мртва врска][мртва врска]
Лопате е едно од селата покриено со акцијата на МВР, наречена Пепел, со која во октомври 2008 полицијата се обиде да му стави крај на шверцот на тутун во Кумановско. [мртва врска]
Remove ads
Економија и инфраструктура
Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште доминира и зафаќа 728 хектари. Во близина на селото поминува прометна железничка пруга.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопате живееле 472 жители, од кои 400 Албанци и 72 Роми.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200Македонци и 400 Албанци.[4]
Лопате е големо село, со пораст на населението. Во 1961 година бројот на жители изнесувал 1.260 (578 Турци, 475 Македонци, 129 Албанци, 54 Срби и 20 неопределени). Во 1994 година бројот се зголемил на 2.320 жители - 1.763 Албанци, 473 Македонци, 74 Срби и 10 лица од други националности . Според пописот во 2002 година, бројот на жителите пораснал на 2.448. Етничката структура е прикажана во табелата:
Националност | Вкупно |
Македонци | 478 |
Албанци | 1.886 |
Срби | 80 |
останати | 4 |
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.063 жители, од кои 366 Македонци, 1.597 Албанци, 29 Срби, 1 Бошњак и 70 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Родови
Лопате е мешано село
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Албански
- Голци (10 к.), Муаремци (8 к.), Азировци, Асиповци, Горожупци, Танишевци и Бресјани. Населени се во втората половина на XIX век. Танишевци и Горожупци се доселени од селото Танушевци. Брестјани од селото Брест. Најстаро потекло имаат од северна Албанија. Зарбинци (20 к.) доселени се од селото Зарбинце кај Врање во 1956 и 1957 година.
Турски
- Помаци (4 к.) доселени се во 1878 година од Бугарија. Почнале да се земаат со Албанците, па се поалбанчиле.
Македонски
- Костичкови (5 к.) доселени се од селото Малотино; Миленковци (5 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Ружајци или Бугараши (1 к.) доселени се од селото Степанце; Богдановци (7 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане; Трајковци (5 к.) доселени се од селото Жегљане; Кукица (1 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане; Станојкови (3 к.) доселени се од селото Жегљане. До овде родовите се доселени од 1913 до Првата светска војна.
- Златановци (4 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Метежевци (3 к.) доселени се од селото Метежево кај Крива Паланка; Симоновски (3 к.) и Костинци (1 к.) доселени се од селото Малотино; Стубличани (3 к.) доселени се од селото Стублица околу Куманово?; Дураци (1 к.) доселени се од селото Малотино; Баба Галинци (3 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Гулинци (3 к.) доселени се од селото Гулинци кај Крива Паланка; Маѓеровци (5 к.) доселени се од селото Козји Дол во Горна Пчиња, подалечно потекло имаат од селото Липково; Орашчани (1 к.) доселени се од селото Козји Дол во Горна Пчиња; Никуљанчани (1 к.) доселени се од селото Никуљане. До овде изнесените родови се доселени помеѓу двете светски војни.
- Огутчани (6 к.) доселени се од селото Огут кај Крива Паланка; Каловчани (3 к.) доселени се од селото Калово во Горна Пчиња; Страцинци (4 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово; Кривокаменци (3 к.) доселени се од селото Криви Камен кај Крива Паланка; Градчани (3 к.) и Кукаљци (2 к.) доселени се од селото Градец кај Крива Паланка; Осинчани (1 к.) доселени се од селото Осиче; Каловчани (2 к.) доселени се од селото Калово во Горна Пчиња. Сите наведени родови се доселени после Втората светска војна.[7]
Remove ads
Општествени установи
- Централно основно училиште Битолски конгрес (деветогодишно)
- Месна заедница
Самоуправа и политика
За време на избори се гласа во основното училиште.
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Македонски православни родови иселени од селото се- Милевци, Лопатарци и Црно Спасини. Првите се наоѓаат во селото Винце, вторите во Агино Село, а третите во Режановце. Од 1954 до 1958 година, 35 муслимански семејства се иселиле во Турција. Повоени православни иселеници од селото има во Куманово и во Србија.[7]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads