Амам (Сарај)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Амамот — поранешен амам кој се наоѓал во селото Сарај, Општина Босилово.
Амамот бил изграден северозападно од селото Сарај, Струмичко и од него е сочуван само мал дел. Се наоѓа на приватен имот – нивата на Зоран Китанов од тоа село. Од амамот е сочуван само источниот ѕид на една од просториите со купола според обрушувањата и темелните остатоци амамот е од типот семејни амами.
Амамот имал квадратна основа и според остатоците од еродираната ѕидарија и керамика во околината имал димензи 6х6 метри. Од амамот не се сочувани функционални елементи но висината на источниот ѕид од 2 метри со мал дел од зачуваните коструктивни елементи на основата на куполата која постоела до 1945 година. Може да се констатира дека и овој амам е еден од постарите објекти изграден во 17 век за потребите на муслиманското население. Амамот за своето функционирање со вода се снабдувал од реката Турија[1].
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads