Сарај (Струмичко)

село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia

Сарај (Струмичко)map
Remove ads

Сарај — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Црква „Св. Петар и Павле“
Thumb
Подрачно училиште „Кољо Китанов“
Thumb
куќа во селото

Сарај се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина и во западниот дел на Општина Босилово. Десно од селото поминува реката Струмица, а на само два километри поминува патот Струмица-Берово.

Надморската височина во селото е 230 метри, додека селото зафаќа површина од 36 км2. Од нив, 3251 хектари се обработливо земјиште[2]

Remove ads

Историја

Отоманско Царство

Најверојатно селото Сарај било основано во времето на османлиското владеење на овие простори. Првичното име на селото било „Бања“ (Бајна) или „Протобања“ (Стара Бања), по името на постојната бања, а потоа било именувано со топонимот „Сарај“. Со топонимот „Протобања“ селото е спомнато во два опширни турски пописни дефтери од XVI век – во 1519 година.

Името „Сарај“ е примарно, изведено од турскиот збор „сарај“ што на македонски јазик значи „двор“, „дворец“ или „конак“ („палата“). Според преданието, богатиот Хазир Баба тука имал дворец, чифлик, конак со кула и други придружни објекти. На беговиот чифлик, односно земјиштето работеле чифлигари, кои во текот на времето изградиле свои куќи околу сарајот на бегот и така била основана населба, наречена Сарај[3]. Меѓу првите борци, што им дале оружен отпор на беговите кон втората половина на XIX век се споменува Левент Корчо, чија личност е доста нејасна. Се спомнува дека Корчо бил родум од селото Сарај и дека му го изгорел чифлигот на Каргалија и го ослободил од плен својот татко, по кое побегнал во Србија или Грција[4].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 50 семејства и 196 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители Македонци и 25 Турци[5][7].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Роми.[8].

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Во текот на Втората светска војна, во 1944 година во селото од страна на Ѓорѓи Стоев бил формиран Народноослободителен одбор[4]. По крајот на Втората светска војна, селото било вклучено во рамките на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]

Во 1961 година селото Сарај имало 581 жител. Во 1994 година во селото живееле 940 луѓе, сите Македонци[2].

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 937 жители, од кои 935 Македонци и 2 Срби.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 833 жители, од кои 679 Македонци, 5 Турци, 1 останат и 148 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Општествени установи

Thumb
Никола Китанов, најмладиот загинат македонски бранител во воениот конфликт во Македонија во 2001 година

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1815 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 809 гласачи.[17]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 823 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

Личности

Никола Китанов (* 1981 – † 2001) - македонски бранител

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads