Амелија Ерхарт

From Wikipedia, the free encyclopedia

Амелија Ерхарт
Remove ads

Амелија Мери Ерхарт (24 јули 1897 - исчезна 2 јули 1937) била американски воздухопловен пионер и писателка.[1] Ерхарт беше првата пилотка да лета сама низ Атлантскиот Океан.[2] Таа поставила многу рекорди, напишала книги за нејзините искуства како пилот и беше инструментална во формирањето на The Ninety-Nines, организација за жени пилоти.[3] Таа била член на Националната Партија на Жените и ран поддржувач на Амандманот за Еднакви Права.[4][5]

Кратки факти Амелија Ерхарт, Роден(а) ...

Ерхарт се залагаше за женските пилоти и кога во 1934 Бендикс Трофеј трката била забранета за жени, таа отворено одби глумица Мери Пикфорд да ја однесе со авион во Кливленд на трката.[6]

Идеите на Ерхарт за бракот биле либерални за тоа време, таа верувала во еднакви обврски и за двата партнери и демонстративно го задржала сопственото име, наместо да стане г-ѓа Патнам.[7]

Кога се обидела да направи кружен лет околу светот во 1937 година, Ерхарт исчезна над центарот на Тихиот Океан во близина на Хауланд Ајленд. Фасцинацијата со нејзиниот живот, кариера и исчезнување продолжува до овој ден.[8]

Ерхарт беше широко позната меѓународна славна личност за време на нејзиниот живот. Нејзината харизматичност, независност, упорност, контрола под притисок, храброст и кариера, заедно со околностите на нејзиното исчезнување на релативно рана возраст и обезбедиле трајна слава во популарната култура. Стотици написи и голем број на книги се напишани за нејзиниот живот кој често се наведува како мотивациона приказна, особено за девојчињата. Ерхарт генерално се смета за феминистичка икона.[9]

Достигнувањата на Ерхарт во воздухопловството инспирирале генерација на женски пилоти, вклучувајќи повеќе од 1.000 жени пилоти во WASP, кои служеле како транспортни пилоти за време на Втората светска војна.[10][11]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads