Атлантски Океан

океан From Wikipedia, the free encyclopedia

Атлантски Океан
Remove ads

Атлантскиот Океан или Атлантик [http:https://geohack.toolforge.org/geohack.php?pagename=%D0%90%D1%82%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%9E%D0%BA%D0%B5%D0%B0%D0%BD&params=0_N_30_W_type:waterbody 0° СГШ 30° ЗГД] е втор по големина од петте океани, со површина од околу 106,4 милиони км2, и покрива околу 20% од површината на Земјата. За споредба, површината на најголемата земја - Русија е 17 милиони км2. Најстариот спомен за Атлантикот доаѓа од Херодот околу 450 година п.н.е.

Кратки факти Атлантски Океан, Координати ...

Атлантскиот Океан на запад е ограничен со Северна и Јужна Америка, на исток со Европа и Африка, а на север и југ продолжува во Северниот и Јужниот Океан.

Со Тихиот Океан е поврзан преку Панамскиот Канал и преку Дрејковиот Премин јужно од Јужна Америка. На југоисток, Атлантикот продолжува во Индискиот Океан, а за граница се смета меридијанот 20° источно.

Средоземното Море е поврзано со Атлантикот преку протокот Гибралтар.

Просечната длабочина на Атлантикот е 3.926 м, а најголемата е во ровот Порторико, 8.605 м. Најмалата ширина е 2.848 км помеѓу Бразил во Јужна Америка и Либерија во Африка, а најголемата е 4.830 км помеѓу САД и Северна Африка.

Во просек, Атлантикот е најсолен од сите океани, салинитетот изнесува 3,3 - 3,7%. Температурата на водата се движи меѓу 7-8 °C околу географските ширини 45° северно и јужно.

Thumb
Брановите во движењето на воздухот создават нестабилности во Атлантикот кои можат да доведат до појава на урагани.

Околу екваторот, поради варијации на температурите на водата и воздухот, во текот на летото (мај-септември) се создават тропски циклони и урагани.

Попознати острови во Атлантскиот Океан се: Гренланд, Исланд, Фарски Острови, Британските Острови, Њуфаундленд, Азорите, Канарски Острови, Карибите, Малите и Големите Антили, Бермудските Острови и др.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads