Анабела
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Анабела Атијас или попозната само како Анабела е популарна српска пејачка. Таа ја започна нејзината кариера во 1993 година, како дел од дуо групата Funky G, заедно со нејзиниот сопруг Гаги. На 29 април 2009, тие се разведоа со што Анабела ја напушти групата и започна соло кариера.[1]
Remove ads
Животопис
Анабела е родена во Горажде, Социјалистичка Република Босна и Херцеговина на 26 јануари 1975.[2] Кога имала само три години нејзините родители се развеле. Анабела отишла да живее со нејзиниот татко. Поради нејзиното школување, кога имала тринаесет години, се преселила во Сараево. Кога имала шеснаесет години заминала со нејзиното момче во Швајцарија. Подоцна тој се вратил во посета на Босна и Херцеговина и бил еден од првите жртви во Босно-Херцеговачката војна. Таа немала контакт со ниеден од своите родители, па одлучила да се пресели во Белград каде што работела како секретарка. За првпат го сретнала нејзиниот сега поранешен маж Гаги, кога имала седумнаесет години, а на дваесет години го зела и неговото презиме. Подоцна останала бремена со близнаци, кои ги изгубила. Сега тие имаат 2 ќерки - Луна и Нина. Неколкупати имаше криза во нивниот брак, но во 2009 тие конечно се разведоа.
Remove ads
Кариера
Во 1993 година, Анабела и Гаги ја започнаа нивната кариера како дел од дуото Funky G. Тие имаа голем успех низ целата поранешна Југославија. Повеќето од нивните песни беа хитови. Тие беа во поп стил со елементи на поп-фолк и денс. Во нивните хитови спаѓаат: „Робиња“, „Ја имам неког“, „Направи се луд“, „У твојим колима“, „Јел ти жао“, „Гад“, „Поново“, „Кафана на балкану“ и други. Во текот на нивната заедничка кариера издадоа дванаесет студиски албуми и 2 компилации со најдобрите хитови. Во 2009 година таа започна соло кариера со песната „Мој драги“. Анабела сними спот за оваа песна заедно со режисерот Дејан Миличевиќ. Видеото е снимено во Маврово, Македонија. Нејзиниот втор сингл е „100 ратова“ кој го испеа заедно со Миа. Во моментов таа е еден од натпреварувачите во шоуто ВИП Големиот брат.
Remove ads
Дискографија
Песни
- „Мој драги“ (2009)
- „100 ратова“ (2010)
- „Више нас нема“ (2010)
Спотови
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads