Анадир (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Анадир (руски: Ана́дырь или Погыча[1], јукагирски: Онандырь, чукотски: Йъаайваам) — река на крајниот североисток на Сибир која тече низ внатрешниот дел на Чукоткскиот автономен округ во Русија.
За други значења на поимот, погл. Анадир (појаснување).
Реката е долга 1.150 км. Извира во Анадирското Горје, кое поминува низ тесната долина. Во горниот ток Анадир е рамничарска река. Се велва во Беринговото Море во заливот Онемен (залив) дел од Анадирскиот Залив. Нејзиниот слив опфаќа 191.000 км2. Пловна е до населбата Мараково, 570 км од устието. Заледена е од почетокот на октомври до крајот на мај. Десни притоки се: Јаблон, Еропол и Мајн а леви се: Белаја и Тањурер. До устието на Анадир прв дошол рускиот морепловец Семјон Дежњов во 1648, а во XVIII век, Дмитриј Лаптев ја опишал реката.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads