Сибир

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сибир
Remove ads

Сибир (руски: Сибирь) — огромна област во северниот дел на Азија, во состав на Русија. Тој се протега од планината Урал на запад до Тихиот Океан на исток и ги опфаќа Средносибирската Висорамнина и источносибирските планини. Во своите природни граници, Сибир зафаќа 11 милиони км2, со преку 30 милиони жители. По своите природни одлики се дели на две различни области: Западен Сибир - од Урал до реката Енисеј, кој претставува една пространа низина (Западносибирска Низина, најголема во светот) и Источен Сибир - источно од Енисеј, област со ридови, висорамнини и планиниски венци со голема височина. Сибир излегува на бреговите на Северноледениот Океан и поларните мориња: Карско, Лаптевско, Источносибирско, Чукотско, Берингово, Охотско и Јапонско Море.

Thumb
Сибир во рамките на Русија
Remove ads

Клима

Климата во Сибир е поларно-континентална на север (на пример, градот Верхојанск на 67°33’ СГШ има средна годишна температура од -16,3°С, а средна јануарска од -50,5°С) и континентална на југ (Томск на 56°30’ СГШ има средна годишна температура од -1°С, средна јануарска од -19,6°С, средна јулска 18,7°С), додека на далечниот исток, кај приморјето на Тихиот Океан и Јапонското Море климата е нешто поблага поради влијанието на морето (Владивосток на 43°7’ СГШ има средна годишна температура од 4,3°С, средна јануарска од -15,1°С, средна јулска 20°С).

Remove ads

Хидрографија

Најголеми реки во Сибир се Об со притоката Иртиш, Енисеј со Селенга и Ангара, Јана, Индигирка, Колима во сливот на Северноледениот Океан; Амур во сливот на Тихиот Океан. Од езерата, најпознато е Бајкалското Езеро, кое е и најдлабокото езеро во светот.

Планини

Од планините, во Сибир се наоѓаат Алтај (со највисокиот врв Бјелуха, висок 4.506 м), Сајански Планини (3.492 м), Јаблановски Планини (2.800 м), Становојски Планини (2.840 м), Алдански Планини (2.700 м), Верхојански Планини (2.960 м), Черскога (3.147 м), Колимски Планини (2.222 м), Анадирски Планини (2.320 м) и вулканот Клучевскаја Сопка (4.750 м) на полуостровот Камчатка.

Биогеографија

Од растителните зони, во Сибир се застапени тундрата на крајниот север, тајгата во северен и среден Сибир која зафаќа простор поголем од половина Европа и се одликува со големо богатство на топлокрвни животни, како дабари, самури, ермелини, поларни лисици итн.); потоа област на земјоделски култури во јужен Сибир, северно и јужно од транссибирската железница; степски предели на југ и југозапад.

Административна поделба

Географски, во Сибир спаѓаат федералните субјекти на Сибирскиот федерален округ, некои од Уралскиот федерален округ и републиката Јакутија, која е дел од Далекуисточниот федерален округ (видете го списокот на субјекти подолу). Од историска гледна точка, сиот руски Далечен Исток се смета за сегмент на Сибир.

Remove ads

Сибир како мотив во уметноста

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads