Анасон
вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Анасон (науч. Pimpinella anisum) — растение од семејството на штитоцветните (Apiaceae). Расте од 0,5 до 1 метар во височина. Расте во областите околу Средоземјето.
Remove ads
Особини
- Има гранулести, меки, снегулести влакна покриени со шупливо стебло. Стеблето почнува да се разгранува на 2/3 од височината.
- Цветовите се бели, распоредени во штитасти цветови. Лутуците му се прекриени со ситни влакненца. Растат во китките во облик на извртен чадор. Содржат ароматично масло, така што имаат пријатен мирис.
- Листовите се на дното и се состојат од 3 округлести врежани листови, средни прстенасти листови, а горните крпасто разделени.
- Плодот е во облик на јајце, спрема врвот сушен, а од страна малку стиснат, долгнавест од 3 до 6 милиметри. Бојата на плодовите е светлозелена. Плодот (семе) се употребува и како зачин и како лек.
- Коренот е тенок и вретенест.
Лековитиот дел на билкесиот плод, односно зрелото семе се собира само по суво време.
Remove ads
Лековито делување
Анасоновото семе делува против смирување на грчеви, го зајакнува желудникот, подобрува варењето и отстранува штетните сокови од организмот. Исто така ја чисти крвта и ги зајакнува живците. Ги чисти белите дробови, желудникот и бубрезите, ги зајакнува пробавните органи, ја поправа неуредната менструација и помага при несоница.
Исто така се користи во производство на колачи и слатки, козметика производство на ликери, како и алкохолни пијалаци, како што е Мастика, Узо, Анасонова ракија итн.
Правиот анасон данес се употребуава во незначителни количини, бидејќи е потиснат од ѕвездестиот анасон кој има мирис и вкус на анасон, ама ботанички не е во никаква врска со него. Со сличен мирис е и лофантот.
Remove ads
Одгледување
Семето на билките се сади во април, плодот се собира кон крајот на август. Плодот сам отпаѓа, а созрева нерамномерно. Приносот е околу 1-{t/ha}-.[2]
Историја на одгледување Првпат анасонот се спомнува на египетскиот папирус кој датира од околу 1500 година п.н.е.
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads