Штитоцветни

семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Штитоцветни
Remove ads

Штитоцветни (науч. Apiaceae) или Apiaceae) — семејство на ароматични растенија со шупливи стебла. Тука спаѓа кимот, магдоносот, морковот, коријандерот, копарот, кимот, анасонот, дивиот копар (сминдот), пашканатот, целерот и некои други видови. Ова е големо семејство со околу 300 родови и повеќе од 3000 видови. Првичното име Umbelliferae доаѓа од соцветието кое е во форма на сложен умбел, односно штит, збор што има ист корен со umbrella (чадор), поради очигледни причини.

Штитоцветни
Кратки факти Штитоцветни, Научна класификација [ у ] ...
Remove ads

Опис

Малите цветови се радијално симетрични со 5 мали чашки, 5 венечни и 5 прашници. Семејството вклучува неколку високотоксични растенија, како што е кониумот. Многу растенија во ова семејство, како дивиот морков, имаат естрогенски својства и се користеле во народната медицина за контрола на раѓањето. Најпознат вид кој се користел за оваа намена е изумрениот џиновски див копар - силфион.

Ова семејство е тесно поврзано со Araliaceae и границите помеѓу овие фамилии останува нејасни. Некое скорешни класификациски системи ја вклучуваат Araliaceae во проширена Apiaceae, но ова не е прифатено од многу научници. Родовите Hydrocotyle и Trachymene, традиционално сместувани во Apiaceae, сега се дел од Araliaceae.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads