Ангел Велковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ангел Димитриев Велковски (2 февруари 1926 во Белимбегово — 16 април 1945 во Врпоље, Независна Држава Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис
Потекнувал од селско семејство. По завршувањето на основното образование се занимавал со земјоделство. На 14 ноември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која заминал на Сремскиот фронт. Бил борец во вториот баталјон. Учествувал во пробивот на фронтот и во сите борби што неговата Бригада ги водела. Во борбите кај Врпоље, на 16 април 1945 година бил тешко ранет, а потоа ѕверски избоден со ножеви од непријателот. Бил закопан заедно со други паднати соборци. По завршувањето на војната посмртните останки му биле пренесени во неговото родно село Белимбегово.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads