Сремски фронт

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сремски фронт
Remove ads

Сремски фронт бил воен фронт формиран по ослободувањето на Белград, стабилизиран во втората половина на јануари 1945 на линијата Мохово - источно од Товарник - западно од Шид - Илинци - река Босут - Батровци. Во јануари 1945 г. со наредба на ВК на НОВЈ биле формирани I, II и III, а на 1 март и IV армија на НОВЈ.

Thumb
Единици на 15 македонски корпус поминуваат низ Батајница на пат за Сремскиот фронт, март 1945
Кратки факти Сремски фронт, Датум ...

Во јануари 1945 г. XV МНОУК бил префрлен во Земун за Сремскиот фронт. Формациски влегол во I армија. Бројната состојба на корпусот на 21 јануари изнесувала 15.400 борци и старешини. Во текот на март 1945 г. на корпусот формациски му се придодадени I и II македонска артилериска бригада. Борците биле вооружени со ново, посовремено оружје добиено од советската армија. Македонскиот XV корпус во состав од 42 и 48 македонска дивизија и I и II Македонска артилериска бригада на Сремскиот фронт учествувале со околу 25.000 борци и старешини.

Фронтот бил пробиен на 13 април 1945, единиците ги продолжиле борбите до конечното ослободување на Југославија.

Remove ads

Состојбата кон крајот на летото и почетокот на есента 1944

Во втората половина на септември 1944 единиците на НОВЈ и Црвената армија започнале да се приближуваат кон Белград, а со тоа и кон Срем. Германската Команда за Југоисток наредила да се започне со изградба на одбранбени позиции во Срем. По ослободувањето на Белград, на единиците на НОВЈ и Црвената армија им се пружила можност за широки офанзивни дејствија преку Сремската рамнина кон Винковци и Славонски Брод, а после тие операции и кон Загреб. Продорот на југословенските сили преку Срем, би ја довело германската војска на Балканот во тешка ситуација и би и отворило низа големи проблеми.

Thumb
Партизани во слободен Белград, октомври 1944

На прво место би било доведено во прашање повлекувањето на германската германската армиска група „Е“, со околу 350.000 луѓе, која се повлекувала од Грција и Албанија, со намера да се префрли во Унгарија. Оваа германска групација, бидејќи не успеала да пристигне до Белград, била принудена да се повлече преку Црна Гора и Херцеговина, по долините на реките Ибар и Западна Морава, преку Вишеград кон Сараево, и понатаму по долината на реката Босна, према Славонски Брод. Без цврсто држење на позициите во Срем, оваа најсилна германска групација на Балканот, тешко би можела да се повлече и префрли во Унгарија, како што било замислено во Берлин.

Thumb
Седумте одбранбени германски линии

Сфаќајќи ја опасноста од воведување на посилни сили на НОВЈ и Црвената армија во Срем и можноста за целосно одвојување на германските групи во Југославија и Унгарија (Армиската група „Ф“ од армиската група „Југ“), Германците почнале да градат низа одбранбени позиции (линии) во Срем што го поврзуваат Дунав со Сава, односно Босут, на просторот помеѓу Рума и Винковци. На линиите им биле дадени кодни имиња: кафеава, зелена, жолта, црна, црвена, нибелуншка и повторно зелена линија, броејќи од исток кон запад.

Додека се воделе борби на улиците на Земун, ноќта на 21/22 октомври, Војводинскиот 12 ударен корпус и делови на Црвената армија ја преминале реката Сава кај Скела, Умка и Бољевци и преминале во Срем. Преминувањето преку Сава траело цели 24 часа, со користење на понтонски мостови, сплавови и чамци. Во самракот на 22 октомври 12-от корпус беше во Срем. Војводинците ослободиле неколку села и до крајот на денот избиле на Стара Пазова и Буѓановци.

Remove ads

Воени дејствија

Пробив на Сремскиот фронт

Thumb
Смотра на I македонска бригада од 48 дивизија на Сремскиот фронт, април 1945

Главната офанзива за пробив на Фронтот започнала на 12 април 1945 година, скоро 6 месеци по неговото воспоставување. Тој ден, единиците на Југословенската армија преминале во фронтален напад и по дводневни жестоки борби успеале ја пробијат германската и усташката одбрана на линијата меѓу градот Шид и вливот на реката Драва во Сава. Следниот ден, на 13 април, советската Црвена армија влегла во Виена, со тоа пресекувајќи го патот за извлекување на германските единици од Југославија. Воените дејства, со несмалена жестина, продолжиле и во деновите по пробивот на фронтот. Во наредниот период, повеќе од еден месец, силите на југословенската војска, по целата линија на фронтот, тргнале во прогон на разбиените германски единици и нивните сојузници, кои забрзано се повлекувале кон север.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads