Андреј Ал-Асади
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Андреј Ал-Асади (1996, Лондон, Обединето Кралство) — македонски писател.
Творештво
Ал-Асади започнал да пишува поезија уште во средношколските денови, а во 2013 година се појавила неговата прва стихозбирка, „Midnight Blues“, издание на Антолог. Пет години подоцна ја објавил стихозбирката „Под дервишовото сиќе“, издание на ПНВ публикации, а во 2019 година, истата издавачка куќа ја објавила и стихозбирката „Небесна геометрија“. Во 2018 година, ја објавил збирката раскази „Друго минато“, во издание на Темплум. Со неа ја освоил наградата „Новите!“ која ја доделува истата издавачка куќа. Ал-Асади е застапен и во антологијата „Очудувања 3“ (Бегемот, 2019), а во 2021 година се појавила и неговата втора збирка раскази, „Утрото на бессоните“, во издание на Бегемот.[1] [2] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]
Remove ads
Награди
- 2024 - награда „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2024 година.[4]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads