Андромеда (галаксија)
галаксија во Месната Група From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Андромеда (макед. народно име: Гумно[11], Месје 31, M31, или NGC 224; во постари текстови „маглина Андромеда“) — џиновска спирална галаксија оддалечена приближно 2,5 милиони светлосни години во соѕвездието Андромеда, што лежи во северната полутопка на небото. Таа е доста слична на нашата галаксија.
Првпат е забележана во 905 од арапскиот астроном Абдурахман ел-Суфи, кој ја опишал како „мал облак“. Првиот опис на галаксијата со помош на телескоп е направен од Симон Мариус во 1612 (на него често му се припишува дека ја открил галаксијата).
За Андромеда се сметало дека е најголемата галаксија од Месната Група на галаксии што се состои од Андромеда, Млечниот Пат и галаксијата Триаголник, како и 30 други помали галаксии. Според најновите истражувања засновани на подобрени мерења и податоци, научниците сметаат дека Млечниот Пат содржи повеќе темна материја, и дека можеби е помасивна во групата. Сепак, скорешните опсервации од вселенскиот телескоп Спицер открија дека Андромеда содржи еден билион (1012), многу поголем од бројот на ѕвезди во нашата галаксија.
Андромеда се состои од:
- спирални краци - млади ѕвезди кои се наоѓаат на средината на својот еволуционен пат
- јадро - кое се состои од суперџинови и џиновски ѕвезди, т.е. ѕвезди на крајот од својот еволуционен пат.
Галаксијата Андромеда е лесно видлива со голо око во умерено темно небо, иако такво небо постои само во помалите градови и изолираните области што се наоѓаат доволно далеку од големите градови и изворите на светлосно загадување. Всушност Андромеда е единствената галаксија во северната полутопка која е видлива со голо око без некои посебни атмосферски погодности (на јужната полутопка тоа се Малиот Магеланов Облак и Големиот Магеланов Облак). Изгледа доста мала без телескоп бидејќи само средишниот дел е доволно светол да биде видлив.
Remove ads
Народни верувања во Македонија
Во астрономијата е познато дека оваа галаксија е единствената друга галаксија која се гледа со голо око, а е надвор од нашата галаксија Млечен Пат. Галаксијата Андромеда се гледа како мала белузлава маглина со облик на диск, и кај нашиот народ е позната под името „Гумно“.
Поврзано
Белешки
- просечна (787 ± 18, 770 ± 40, 772 ± 44, 783 ± 25) = ((787 + 770 + 772 + 783) / 4) ± (182 + 402 + 442 + 252)0.5 / 2 = 778 ± 33.
- сина апсолутна величина од -20,89 — боен показател за 0,63 = -21,52
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads